· март, 2012

Написи за Источна и Централна Европа од март, 2012

Македонија: Објавени победниците на наградите „Биди њуз блогер“

  6 март 2012

Диверсити медиа продукција, непрофитна организација посветена на развој на новинарството, слободата на говорот и демократијата во Македонија, ги објави (на македонски, албански и англиски) победниците на натпреварот за млади њуз блогери:  Новица Наков, Фатлуме Дервиши, и авторките на блогот МК демократија – Моника Петровска и Маја Пероска.

Русија: Човечки ботови се борат со опозицијата

Рунет Ехо  6 март 2012

Растот на софистицираноста на контролата на Интернет значи и дека нови техники се додаваат во арсеналот за политички измами и дискредитација. Вадим Исаков го анализира феноменот на „човечки ботови“ - платени коментатори чија цел е да создадат хаос од конструктивните дискусии.

Унгарија: Даночната управа ги испитува граѓанските активисти

  1 март 2012

Блогот Велеменивезер искоментира (на унгарски) дека веста дека активисти од најпопуларното движење за граѓански права ги проверува Националната даночна и царинска управа е знак на страв од владеачката партија Фидес: „Две години по освојувањето двотретинско мнозинство, веќе фаќаат муви [lat], па бркаат граѓански активисти“. Движењето  кое е цел на тековните...