Написи за Бугарија

Бугарите продолжуваат да протестираат поради високите сметки за енергија

  18 февруари 2013

Во недела, на 17 февруари, десетици илјади луѓе во бугарската престолнина Софија и други градови продолжија со протестите против високите цени на струјата и греењето. Извештај на Руслан Трад.

Несоодветна аналогија за спорот за името меѓу Грција и Македонија

  17 декември 2012

Реагирајќи на тврдење од Гералд Кнаус… Атина и Скопје се соочуваат со дилемата на затвореникот (анг. prisoner's dilemma): ако ниедна страна не верува дека решението е можно, и се однесува на тој начин, и двете страни губат. …Жарко Трајаноски напиша на Фејсбук: Арно ама, аналогијата со „дилемата на затвореникот“ е...

Бугарски активист штрајкува со глад против државен монопол

  5 декември 2012

На 1 декември, Чавдар Јанев постави шатор пред Бугарскиот Врховен судски совет во Софија и започна штрајк со глад во знак на протест против судскиот систем што дозволува тужбите на граѓани против државни институции да се влечат со годоини. Дури и децении: Јанев и неговата сопруга, Латинка Георгиева, скоро 12...

Сирија: Одгласи од Балканот

Македонската непрофитна организација Диверзити Медиа Прокашн објави напис/поткаст (на македонски и албански) за реакции на ситуацијата во Сирија во некои балкански држави, презентирајќи и изјава од авторот на Глобал војсис Руслан Трад и македонскиот политичар Стојан Андов (википедија: en, mk), кој служел како југословенски амбасадор во Ирак од 1987 до...

Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен

  12 септември 2012

Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.

Бугарија: Независни новинари бараат интервенција на ЕУ

  5 септември 2012

Група бугарски НВО и новинари објавија отворено писмо (на бугарски и англиски) до Неле Крос, потпретседателката на Европската Комисија, барајќи јавна средба бидејќи „ситуацијата со медиуми во Бугарија не е закана само за бугарското општество, туку и за ЕУ како целина“.

Македонија, Бугарија: Корисниците на социјални медиуми открија фалсификат

  5 септември 2012

Една интервенција за проверка на факти, заеднички напор на македонски и бугарски корисници на социјални медиуми, им помогна на независни новинари да разоткријат фалсификувани документи користени како мамка за сомнителна иницијатива за прибирање хуманитарни донации.

Бугарија: „Јас, Бугарин од Македонија“

  31 јули 2012

Бугарскиот медиум Факел  објави (на бугарски) рецензија на новата книга насловена „Јас, Бугарин од Македонија“. Книгата е опишана како „ужасна, разбивачка, одвратна сторија која не само ја протресува, изненадува и ја буди нашата заспана национална свест туку и ги поместува, стрмоглавува, продлабочува и со тектонска сила ги расцепува сите пластови...