Написи за Босна и Херцеговина
Онлајн алатки за луѓето со хендикеп во Босна и Херцеговина
Гласовите од Евроазија на УНДП ги опишува (на англиски) новите алатки базирани на веб наменети за промовирање на правата на лицата со хендикеп во Босна и Херцеговина:
Претставување на балканските малцинства
Петнаесет млади новинари од шест различни земји објавија серија лични стории за претставници на разни видови малцинства од Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија. Приказните се достапни на англиски, германски и француски на веб-сајтот „Соочи се со Балканот“.
Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен
Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.
Русија: „Вистинското богохулие“ – Славој Жижек за Пуси рајот
Рускиот колектив „Што да се прави?“ објави есеј на англиски од словенечкиот филозоф Славој Жижек, кој смета дека Пуси рајот „се концептуални уметници во најблагородната смисла на зборот: уметници кои отелотворуваат Идеја“ и се борат против цинизмот на моќниците кои настојуваат да ја вратат Русија на ниво на царизмот, кое...
Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите
Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од...
Србија: Контроверзии околу рехабилитацијата на Дража Михајловиќ
Драгољуб Дража Михајловиќ беше командант на југословенската армија во татковината, исто така позната како четничко движење, за време на Втората светска војна. Во 1946 беше фатен од страна на комунистичките власти во Југославија, обвинет за велепредавство и воени злосторства, осуден на смрт и погубен. Судењето за негова рехабилитација кое започна...
Србија: Медиумската војна против Анџелина Џоли
Не толку одамна, Анџелина Џоли беше „повеќе загрижена“ за тоа како е прифатено нејзиното прво режисерско издание – филмот „Во земјата на крв и мед“, во Босна и Србија, отколку во САД. Долго време ги очекуваше реакциите од локалната публика, која таа ја преслика во нејзината воена драма, а некои...
Македонија: Блогерска рецензија на „Во земјата на крв и мед“
Внукот се вклучи во дебатата за филмот на Анџелина Џоли (на англиски) нагласувајќи ги техничките недостатоци, а бил најмногу изиритиран од говорот: „Сите ликови во филмот се од босанските говорни подрачја, т.е. го зборуваат тогашниот српско-хрватски, а денешните српски, хрватки и босански јазици. Арно ама, во ова ремек-дело на Енџи...
Србија: Апсење на Ратко Младич
Со чувство на ослободување и неверување многу Босанци и Срби денес дознаа за апсењето на босанско – српскиот генерал Ратко Младич, обвинет за геноцид и воени злосторства за време на граѓанската војна 1992 – 1995 год. во Босна и Херцеговина. Апсењето на Ратко Младич можеби беше изненадување за многумина, но во изминативе...
Балкан: Онлајн платформа за следење на извештаи од области погодени со рекордните снежни врнежи
Од минатата година, Балканот беше погоден од големи снежни бури, какви што немало повеќе од цела деценија. Даница Радишиќ известува за неколку релевантни иницијативи покренати од онлајн заедницата во регионот, меѓу кои и новата платформа на Ушахиди за следење верифицирани информации за попречувања на сообраќајот, дефекти на електричната мрежа и други клучни информации од регионот.