· мај, 2011

Написи за Виблог од мај, 2011

Индонезискиот народ на интернет со поддршка за полицаецот-танчер

  10 мај 2011

Полицаецот бригадир, Норман Камару од Горонтало Сити во Индонезија, стана интернет и медиумска сензација откако беше објавено неговото видео во кое танцува, кое само на Ју Тјуб има повеќе од милион посети. Во видеото, Норман танцува и се преправа дека пее на индиската песна Chaiya Chaiya додека е на должност....

Куба: Кооперант од Соединетите Американски Држави осуден на 15 години затвор

Според кубанскиот дневен весник Грама [шпански], кооперантот на Меѓународната агенција за развој на Соединетите Американски Држави и граѓанин на Соединетите Американски Држави, Алан Грос беше осуден на 15 години затвор во Куба на 12 март 2011 година откако беше осуден за нелегална дистрибуција на опрема за информациска технологија на Кубанците....

Мјанмар: Фотографии од штетите од земјотресот

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди североисточниот дел на Мјанмар во вторникот навечер на 24-ти март 2011 година, кој што се почувствува во околината на Тајланд па дури и до Виетнам и Кина. Во земјотресот загинаа најмалку 70 луѓе и беа уништени повеќе од 240 објекти само во...

Саудиска Арабија: „Демонстрациите се забранети во оваа земја“

Советот на врховни свештеници во Саудиска Арабија објави соопштение во кое се забрануваат јавните протести. @Almatrafi ја сподели изјавата од органот на чело со муфтијата Шеик Абдул-Азиз Ал ал-Шеик преку електронска порака на Твитер [арапски]: Советот на врховните свештеници потврди дека демонстрациите се забранети во оваа земја. Правилниот начин според Шариа...

Јапонија: Страв во Фукушима

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на земјотресот во Јапонија 2011. По денот кога земјотрес со јачина од 8,9 степени ја погоди Јапонија, експлозија во нуклеарната централа Фукушима Даичи, 150 милји (околу 240 километри) северно од Токио, предизвикаа збунетост и страв од тоа што може следно да се...

Египет: Дебата за улогата на медиумите во покривање на апсењето на блогерот

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на револуцијата во Египет 2011. На 31-ви март, новинарот и блогерот Сара Кар го испрати твитот прикажан подолу во кој прашува за статусот на Мајкл Набил на кој што му се суди пред воениот суд. Блогерот Набил беше уапсен во неговиот дом...

Египет: Петмина убиени на Плоштадот Тахрир како што започнува 10-ти ден од протестите на Eгипќанците

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за протестите во Египет во 2011 година. Демонстрациите против Мубарак продолжуваат веќе 10-ти ден низ Египет, со грозоморни извештаи за смрт и повреди кои доаѓаат од плоштадот Тахрир во Каиро, каде платени насилници на владата се судираа со демонстрантите цела ноќ. Плоштадот...

Египет: Рапување на револуцијата

Мелодии од Блискиот Исток ни носи група од рапери од Египет кои под името Arabian Knightz сакаат да ја пренесат нивната претстава во врска со неодамнешните настани кои ја тресат нивната земја. Од интернет страницата: Во средина на револуцијата, раперска група од Египет, Arabian Knightz, ја објавува првата песна после...

Србија: Србија ја возвраќа својата благодарност за јапонските донации

Овој пост е дел од нашето специјално покривање на земјотресот во Јапонија 2011. Стара српска поговорка вели: „Прави добро и на добро се надевај!“ Оваа традиционална мудрост беше потврдена деновиве и во пракса. Во момент кога Јапонија се соочува со несекојдневна трагедија, народот на Србија одлучи да им ја искаже...

Египет: Деца, риби и мачки бараат Мурабак да си оди

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на протестите во Египет во 2011 година Деца, риби, па дури и мачки се придружија на милионите Египќани во нивниот повик за ставање крај на режимот на Мубарак. На ова видео од Јутјуб, младо момче од Египет преку песна повикува на соборување...