· април, 2008

Написи за Виблог од април, 2008

Видео на Фликр: Јаболко на раздорот

  11 април 2008

Седумнаесет часа по нејзиното создавање, Фликр групата „БЕЗ ВИДЕО НА ФЛИКР!!!“ веќе има повеќе од 5475 членови и 670 ставки. Она што е уште повеќе зачудувачки е што друга група, „Им велиме НЕ на видеозаписите на Фликр“, создадена два часа подоцна, има двојно повеќе членови од претходната група, а двете...

Бугарија, Македонија: Војна за историјата преку блогови

Односите на Бугарија и Македонија се исто толку комплексни и несфатливи како и оние помеѓу Грција и Македонија, иако не добива големо медиумско изложување. Главниот проблем помеѓу Софија и Скопје е повторно историјата. Според Бугарите, Македонците биле дел од бугарската нација до почетокот на 20тиот век, кога голем дел од...

Египет: Блогерите во први борбени редови

  10 април 2008

Египетските блогери работеа непрекинато со цел да му соопштат на светот за револтот на работниците кој ја потресе нивната земја, кога илјадници се побунија во текстилната фабрика во Ал Махала, барајќи подобро да бидат платени и протестирајќи против зголемувањето на цените. Тие беа исто така меѓу првите повредени во немирот,...

Мароко: Бегство од затвор

Во понеделникот, 7ми Април, деветмината обвинети за вклученост во самоубиствените бомбардирања во 2003 во Казабланка исчезнаа од затворот Кенитра. Групата Енасир, застапници за правата на затворениците изјави дека бегството коинцидира со почетокот на штрајкот со глад на околу 1,000 затвореници низ Мароко. Истражувањето е во тек, но затворениците сеуште не...

Авганистан: Прва блогерска работилница во Кабул

  9 април 2008

Авганистанската асоцијација на блогери (Авган Пенлог) ги надмина финансиските тешкотии и пречки од типот на прекините на струја и ја организираше првата блогерска работилница во својата историја. Работилницата се одржа во Кабул на 3-4 април, во соработка со Насим Фекрат и Масуме Ебрахими, двајца активни авганистански блогери.

Македонија: Блогерите дискутираат за Самитот на НАТО и Грција

  9 април 2008

Попречувањето на поканата за влез во НАТО на Македонија од страна на Грција беше главна тема во македонската блогосфера минатата недела. Следи преглед на неколку типични првични реакции околу веста. Неколку дена пред Самитот, Филип Петровски ја опиша атмосферата во земјата: Неверојатна е тензијата којашто деновиве лебди во воздух. Претстојниот...

Еквадор: Загриженост за сигурноста и приватноста на интернет

  8 април 2008

Еквадор до сега постојано се појавуваше во насловите во 2008. Прво, паднаа поројни дождови и го поплавија поголемиот дел од земјата. Потоа, контроверзната расправа за националниот суверенитет и неговиот соседот, Колумбија, исто така беа често во вестите. На крај, објавата дека Револуционерните вооружени сили на Колумбија (РВСК) имаат засолниште во земјата ја постави владата на Еквадор во незгодна ситуација [es]. Меѓутоа, нешто што не беше објавено во медиумите, а е исто толку загрижувачки, е прашањето за безбедност и приватност на интернет, како и неодамнешните инциденти на хакирањa.

Бахреин: Дали младите девојчиња треба да носат фереџе?

  8 април 2008

Блогерите од Бахреин неодамна разгледуваа теми кои ги вклучуваат проблемите да се биде пешак во Бахреин, негативното размислување меѓу младината, притисокот врз младите девојчиња да носат марами – и потребата да комуницираат повеќе со Американците. Да се пешачи – да не се пешачи Ќе започнеме со Aмаро, кој ги жали...

Аргентина: Средношколци користат онлајн видео за објавување на своите проблеми

Со поставување на видео на ЈуТјуб, аргентинските средношколци успеаја да привлечат огромно медиумско внимание[es] за своето барање: потребата од зграда во која ќе се одржуваат нивните часовите. Моментално Ипем 112 „Цезар Инигвез Монтенегро“, во Себастион Елкано, село на северот на Кордоба ги одржуваат своите часови во основно училиште. Меѓутоа, бидејќи...

Јапонија целосно расцветана

  7 април 2008

Пролетта стаса во Јапонија со првите цветови на црешите оваа година. Луѓето нестрпливо ја чекаат временската прогноза за цветот која треба да биде објавена од Метеоролошката агенција, додека во својот календар го обележуваат најдобриот ден за набљудување на цветовите (ханами). Како што фронтот на црешови цветови (сакуразенсен) се помести на...