· јули, 2010

Написи за Виблог од јули, 2010

Нигерија: Кој го предомисли претседателот – Фејсбук или ФИФА?

По добивањето на стотици коментари на неговата Фејсбук страница, претседателот на Нигерија ја повлече својата контроверзна суспензија на националниот фудбалски тим на земјата. Но, дали тоа што тој се предомисли навистина е одговор на бројните фрустрации на граѓаните искажани на Фејсбук? Или, поради притисокот од моќното меѓународно тело за раководење со фудбалот?

Непал: Премиерот даде оставка

  11 јули 2010

Непалскиот Министер Мадхав Кумар Дахал во говор во живо на телевизија ја објави својата оставка. Оставката на господинот Непал го доведе до крај долгиот политички застој во Непал.

Јужна Африка: Мистер геј на светот за 2010 е јужно-африкански блогер

Титулата Мистер Геј на светот 2010 ја освои Чарл Ван Ден Берг, 28 годишен јужно- африкански менаџер на ресторани. Тој го користи неговиот блог да му се заблагодари на Нелсон Мендела, неговите спонзори и поддржувачи.

Свет: Заштита на човековите права во граѓанските видео филмови

  10 јули 2010

Снимањето на видео за заштита на човековите права може да биде неуспешно и да се претвори во закана за оние кои учествуваат во него. Блогот WITNESS' The Hub споделува со нас како можеме да снимиме видео за човековите права кое ќе го претстави она што треба, со минимален ризик за оние кои се вклучени во неговото снимање.

Кина: Моќна држава, сиромашен народ

  10 јули 2010

На 28 јуни државниот радиоспикер CCTV откри дека до крајот на 2010 год. Кина очекува да добие 8 трилиони јуани (1.18 трилиони американски долари) во форма на финансиски приход. Оваа бројка ја прави Кина да биде втората најголема држава во однос на приходи веднаш по Соединитетите Држави. Изгледа како на Кина...

Бразил: Пожарот во Рио де Жанеиро покрена онлајн кампања

Една од населбите кои често ги гледаме на разгледниците од Рио де Женеиро, населбата Лагоа, беше жртва на голем пожар кај Моро Дос Кабритос, област од Атлантските дождовни шуми. За кратко време низ социјалните медиуми започна кампања против пуштањето на балони на топол воздух - кои се можна причина на пожарот.

Костарика: Конгресот го одобрува присуството на армијата на САД за да се бори против трговијата со дрога

Владата на Костарика го одобри доаѓањето на северно-американската флота на своите брегови, по спогодбата за дејствување против тргувањето со дрога. Костариканците се насочија кон блогирање и кон социјалните мрежи за да го искажат своето мислење за ова прашање; засега, се чини дека повеќето корисници ја одбиваат оваа мерка, но оние што позитивни, се обидуваат и новниот глас да биде слушнат.

Јужна Африка: Африканската модна недела ја поставува сцената за Африканските дизајнери

Да не бидат надминати од нивните спортски колеги, африканските модни дизајнери ги прикажуваат своите таленти во своето мини светско првенство во мода од30 јуни до 3 јули.

Либан: Тројца уапсени за постовите на Фејсбук

Либанците Naim George Hanna, 27 години, Antoine Youssef Ramya, 29 години и Shebel Rajeh Qassab, 27 години, беа уапсени за постирање на Фејсбук статуси против либанскиот Претседател Michel Suleiman. Либанската он-лајн заедница е навредена заради нападот на нивниот кибер-простор; еве некои од нивните реакции.