· март, 2010

Написи за Виблог од март, 2010

Казахстан: Поплава уби 47 луѓе и остави илјадници бездомници

Илјадници луѓе се раселени од загрозените области по рушењето на две брани во Казахстан во четвртокот и петокот.Трагедијата се случи во областа на Аксуиску,северно од Алмати,главниот трговски град на земјата.

Кина: Првата кинеска новела на Twitter?

  20 март 2010

Лиан Јуе, поранешен наставник и деловен управител, а денешен популарен блогер и политички коментатор во Кина, на својот блог најави дека овој месец започнува со пишување на новела наречена 2020, која ќе биде објавена на Twitter. Според неговиот блог, содржината на новелата ќе трае се до 2020та година.

Полска: Потенцијалните ограничувања на интернет ја поттикнуваат креативноста

На почетокот на февруари, премиерот Доналд Таск се сретна со полските блогери за да дискутираат за предлогот на владата да воведе регистар за забранети веб -сајтови и сервиси. Резултатот беше повлекување од горе споменатиот предлог. Заканата од некакви рестрикции на полскиот интернет доведе до низа креативни реакции во врска со...

Велика Британија: Борба против имиграциските казнени центри за деца

  19 март 2010

Кон крајот на минатата година,група британски граѓани лансираше едноставна кампања со цел ставање крај на затворање на новороденчињата и на децата од страна на властите одговорни за контрола на имиграцијата.Сега тие ги раскажуваат приказните на две од многуте притворени дечиња.

Супер сила: BBC и Global Voices

  19 март 2010

Големо задоволство ми е да соопштам за заедничкиот проект помеѓу Global Voices и BBC news како дел од сесијата SuperPower (Супер сила) на BBC, која стартува на 08.03.2010. Изминатава година беше особено уочлива во однос на зголемување на интеракцијата помеѓу мејнстрим медиумите и граѓанското новинарство. Настаните од Мумбаи, Молдавија, Иран,...

Француски муслимани: Од колонизација до државјанство

  19 март 2010

Во време кога Француска Африка ја слави 50 годишнината од својата независност од Франција или Белгија и со татнежот на дебатата за“националидентитетот” како позадина,новата генерација француски креатори на документарци одлучија да се справат самите со себе, како муслимани и француски државјани, што значи да се биде двете во секуларна Франција. Mуслимани од Франција [Фр ] беше пуштен на францускиот канал Франс 5 на 23 фебруари. Во видеото подолу, Карим Mиске’, еден од директорите,најпрвин појаснува како тие ги дефинирале “Француските Муслимани“.

Србија: Белградските дрва – жртви на „Масакр со моторна пила“

На крајот на февруари, започна процесот на сечење на околу 400 платани на најдолгата улица во Белград, булеварот Крал Александар. Дрвата беа засадени на таа улица во 19-от век и патот украсен со дрворед беше една од најстарите и најубави зелени оази во центарот на Белград. Комуналната фирма Градско зеленило,...

Глобално: Светски ден против онлајн цензурата

  15 март 2010

Во многу земји низ целиот светот, цензурирањето на интернетот е сѐ уште спорно прашање. Имајќи го тоа во предвид, меѓународната организација „Новинари без граници“ (RSF), на 12-ти март го одбележува Светскиот ден против онлајн цензура. По овој повод, организацијата „Новинари без граници“ ја издаде својата најнова листа на „Непријатели на...

САД: 4 март, ден за одбрана на образованието

Четврти март е национален ден за акцијата за одбрана на образованието, на кој учествуваа неколку универзитети од Соединетите Држави. Студенти протестираа против зголемувањето на давачките за упис, против расизмот и во корист на бесплатно образование финансирано со јавни средства. Центарот на активностите беше Калифорнија, каде протестите се ширеа низ државата,...

Глобално: Година на тигрите и нивното одгледување

  14 март 2010

Активистите и организациите кои се борат за правата на животните ширум светот, одлучија да се осигураат дека оваа година е навистина „годината на тигрите“. Тие ја искористија шансата да ги зголемат своите активности и да го насочат светското внимание кон овој величествен, а сепак сериозно загрозен вид во и онака намаленото животинско царство.