· јули, 2009

Написи за Виблог од јули, 2009

Казахстан: Декада на културата и медиумите

Денешната обиколка на блоговите од Казахстан е посветена на културата и медиумите и како тие се испреплетуваат. Секако, тоа не поминува без политиката да биде инволвирана, како и во многу други работи во Казахстан. Megakhuimyak смета дека главниот проблем во казахстанската литература и уметност е нивната ирелевантност и недостаток на...

Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активисти

Неодамнешното притворање на двајцата кибер активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.

Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери

Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили,кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци, помала активност евидлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува.Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.

Азербејџан: Активист, истакнат блогер во затвор после судење зад затворени врати

За што и да беше првиот случај на истакнат блогер, напaданат и притворен во Јужен Кавказ, двајца активисти вчера беа затворени на два месеци во истражен затвор што многумина го сметаат за пародија на правдата.

Парагвај: Додека вирусот Х1Н1 се шири

Да заглавите во сообраќајната гужва на авенијата Шпанија во работен ден во 14 часот е ужасна задача.  Затоа и за повеќето Парагвајци е изненадувачки изгледот на речиси напуштените улици деновиве. “Никогаш порано не сум видела нешто слично на ова, сите се параноични,” вели блогерката  Нора Вега, која секојдневно патува до центарот на  Асунсион. Она што ги држи...

САД: Еден чекор поблиску до отстранување на забраната за патување на ХИВ позитивните лица

Минатата недела владата на САД ги започна последните чекори потребни за да се отстранат рестрикциите за патување и миграција на ХИВ позитивните странци. Со моменталната забрана ХИВ позитивните странци, без разлика дали ја посетуваат земјата за туризам или бизнис, не можеа да влезат во САД, иако во одредени случаи тоа...

Египетска жена убиена во германски суд поради тоа што носела вел

  13 јули 2009

Египетските блогери ги здружија силите за да го осудат убиството на египетска жена која носела вел во германската судница. Марва Ел Шербини , 32, која во времето на убиствотот беше бремена беше избодена 18 пати од човекот кој таа го тужела поради тоа што тој ја навредувал затоа што носела Хијаб (исламски вел) откако судиите пресудиле во нејзина корист. Еве приказ на реакциите од Египет.

Мексико: Гласачите ги споделуваат своите поништени гласачки ливчиња на Twitter

Корисниците на Twitter од Мексико го покажаа своето незадоволство со политичкиот систем во земјата со приклучување во кампањата за поништување на гласачките ливчиња, спроведена за изборите на 5 јули.. Додека гласаа тие ги користеа своите мобилни телефони и фото-апарати во гласачките места за да ги фотографираат своите неважечки гласови (поништени...

Србија: Блогирање за правда и заштита

Вознемирени поради неодамнешното страшно убиство кое се случи пред социјалните работници во источно српскиот град Књажевац, Расел и Јелена направија блог каде ја опишуваат нивната борба со српскиот легален систем за да го заштитан детето на Јелена од нејзиниот поранешен сопруг - наркоман.

Еквадор: Евалуација на наставниците од јавните училишта

Реформата на образовниот систем во Еквадор беше цел на сегашната влада и сега има одредени забелешки на нејзината реализација од страна на наставниците од јавните училишта низ целата земја. Извршната власт постави нов закон ( pdf доумент) кој бара сите наставници да бидат евалуирани за време на неделата околу 25 мај. Меѓутоа, Националната унија на наставници [шпански](UNE иницијали на шпански) дава отпор и отворено се спротивстави на законот велејќи дека не е јасно дали таквото тестирање е законско.