· август, 2008

Написи за Виблог од август, 2008

Кина: Лажирање на церемонијата за отворање на Олимпијадата, на која основа?

  13 август 2008

Лажна, хармонизирана, разубавена, баш кога сите се окупирани со Олимписките игри, се појавува веста дека два од најистакнатите делови од церемонијата за отворање не биле навистина како што изгледале: продукцијата за телевизиска верзија од огнометот кој се простираше од плоштадот Тиананмен до Птичјото гнездо, започнала пред една година и деветгодишната...

Kувајт: Ослободете го Хусеин Ал Фудалах, веднаш!

На 7ми jули, Кувајтиецот Хусеин Ал Фудалах го напушти својот дом за да оди на риболов и не беше виден никогаш повеќе. Неколку дена подоцна неговото семејство доби вест дека тој е задржан во соседен Иран. Кувајтскиот амбасадор во Техеран ги увери дека тој е добро и ќе биде ослободен...

Јужна Осетија: Дали Косово претставува преседан?

  12 август 2008

Кога Косово еднострано прогласи независност на 17 февруари 2008 година, владите ширум светот беа поделени по прашањето за легитимноста на ваков акт. До сега 45 од 192 суверени земји членки на Обединетите Нации формално ја признаа Република Косово. Вреди да се спомене дека повеќето земји членки на Европската Унија формално...

Јужна Осетија: Олимписко примирје

  11 август 2008

Често засенувајќи ги Олимписките игри 2008 во Пекинг во традиционалните медиуми, конфликтот помеѓу Грузија и Русија за Јужна Осетија предизвика појавување на прашања за тоа што треба да претставува овој интернационалниот спортски настан. Со совпаѓањето на воените акции со отворањето на игрите, неколку блогери ги потсетуваат читателите за олимпиското примирје....

Либан: Италијанска лекција за Либан

  10 август 2008

Кои се сличностите помеѓу Либан и Италија, освен фактот дека и двете земји излегуваат на Медитеранот? Блогерот Антоун Иса, во неговиот последен пост на Лебанис Чес расправа дека неговото разбирање на италијанскта политичка корупција несомнено може да се спореди – и директно и индиректно со либанската политичка корупција исто така....

Мароко: Развивање на Моливуд

  9 август 2008

Мароко веќе долго време е мека за странските филмаџии. Легендарни филмови како Последното Христово Искушение и Лоренс од Арабија, како и поскорешни филмови како Апсење и Падна Црниот Сокол го користат Мароко како позадина. Други филмови, како Бабел, користат повеќе од земјописот на Мароко и се фокусираат и на културата...

Кина: Пекинг не сака маски?

  8 август 2008

Во вторникот, четири олимписки атлетичари од САД се појавија на аеродромот во Пекинг со маски преку нивните усти и носови. Иако тие мислеа дека тоа е само “мерка на претпазливост“ против загадувањето во Кина, ваквото однесување беше многу поинаку интерпретирано од страна на кинеските корисници на интернет. фотографија од Yahoo.cn...

Хрватска: Смртта на Динко Сакиќ

  7 август 2008

За повеќето луѓе надвор од Балканот, името Динко Сакиќ, локацијата Јасеновац и групата под име Усташи не значи многу. Но за Хрватите, овие имиња постојано се враќаат и враќаат повторно и играат улога на национално и меѓународно ниво. За да се објасни подобро важноста на ова, најдобро е да се...

Индија: Абортус, родители и индискиот закон

  6 август 2008

Неодамнешен судски случај го сврте вниманието кон законот за абортус во Индија. Според сегашниот закон во Индија, абортусот не е дозволен по 20-та недела од бременоста, освен ако се докаже дека бременоста е опасна по здравјето на жената. Во овој конкретен случај една двојка, на чијшто фетус му е откриена...

Арабија: Дали мажите Арапи-Американци се губитници?

  6 август 2008

„Дали мажите Арапи-Американци навистина се губитници“ се прашува Асом, млада Арабјанка-Американка – или родителите на потенцијалните невести не се во контакт со реалноста кога доаѓа време за избор на соодветен зет? Според Асом: Многу возрасни ги сметаат неколкуте момчиња од мојата мала заедница за претставници на Арапите-Американци од САД и...