· март, 2012

Написи од Заокружено од март, 2012

Мозамбик: Вирално видео од бурата над Мапуто

Овој видео-клип од бурата што доаѓа над градот Мапуто стана вирален на Јутјуб, со над 450.000 гледања за само неколку недели. Статистиката покажува дека најмногу гледања биле од Мозамбик, Јужна Африка, Јапонија и Португалија. Последниве месеци, Мозамбик беше погоден од низа циклони.  

Македонија: Објавени победниците на наградите „Биди њуз блогер“

Диверсити медиа продукција, непрофитна организација посветена на развој на новинарството, слободата на говорот и демократијата во Македонија, ги објави (на македонски, албански и англиски) победниците на натпреварот за млади њуз блогери:  Новица Наков, Фатлуме Дервиши, и авторките на блогот МК демократија – Моника Петровска и Маја Пероска.

Унгарија: Даночната управа ги испитува граѓанските активисти

Блогот Велеменивезер искоментира (на унгарски) дека веста дека активисти од најпопуларното движење за граѓански права ги проверува Националната даночна и царинска управа е знак на страв од владеачката партија Фидес: „Две години по освојувањето двотретинско мнозинство, веќе фаќаат муви [lat], па бркаат граѓански активисти“. Движењето  кое е цел на тековните...