· јули, 2010

Написи за Младина од јули, 2010

Сиера Леоне: Подигање на свеста околу сексот и сексуално преносливите болести преку видео

Во Сиера Леоне, Вики Ремо е водител и продуцент на едно шоу кое се прикажува еднаш неделно и коешто покрива широк спектар на теми: од неоткриени музички гении, до прикажување на секојневието на трговците, спорт и од неодамна, едукација за секс и сексуално преносливите болести (СПБ) наменета за студенти.

Бахреин: Ја изгаснав цигарата!

Како што муслиманскиот свет месец Рамадан (месецот на постење) брзо се наближува, бахреинскиот блогер Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци и се откажа од пушењето откако за тоа го освести неговата ќерка.

Филипини: Погледите на блогерите за сексуалното образование

  13 јули 2010

Оваа учебна година, филипинската влада реализира програма на Обединетите Нации за сексуално образование во јавните училишта за децата и тинејџерите додека Католичката црква строго се спротивставува на програмата. Блогерите коментираат на темата.

Чиле: Студенти уапсени после протестот против реформа на Универзитетот

Пред една недела владата објави голема реформа на високо образовниот систем, која моментално коегзистира со традиционалните и приватните универзитети. Оваа реформа, е направена без учество на универзитетите или студентите, одлуката е пресретната со силно противење од страна на претседателот на Универзитетот од Чиле (Universidad de Chile) Виктор Перез и Федерацијата на...

Перу: Ученичка ѝ поставува прашања на првата дама на САД во врска со имиграцијата

При неодамнешната посета на едно училиште во Мериленд, на Првата Дама на САД Мишел Обама од страна на една ученичка од перуанско потекло, ѝ беше поставено прашањето, зошто се протеруваат луѓето кои немаат документи за имиграција, со што ја откри вистината за статусот на нејзините родители.