Написи за Младина од јули, 2009
Обединети нации: Видео натпревар на тема миграција за сите од 9-25 години
Сојузот на Цивилизациите на Обединетите нации организира Plural+ видео натпреварување за градење по инклузивно, толерантно општество. Натпреварот е отворен за сите учесници на возраст од 9 до 25 пред 30 септември.
Ерменија: Интервју со Лиана Агајаниан
Родена во Иран, но израснала и сега живее во САД, Лиана Агајаниан е писател и релативно нова во Eрмениската блогосфера. Иако блогира на нејзиниот личен сајт, Агајани стана важен претходник на алтернативните медиуми во Eрменија и Дијаспората со нејзиниот е-магазин базиран на Wordpress, Ianyan.
Египетската жена и свеж поглед на разводот
Разводот секогаш претставувал срам во египетското општество. Денес, и овде дува ветерот на промената.Во овој пост Марва Ракха ја следи конверзацијата на египетските блогови која покажувашто е направено за да се исправи погрешната ситуација.
Азербејџан: Видео кампања за ослободување на притворените активисти
Неодамнешното притворање на двајцата кибер активисти и младински лидери во Азербејџан минатата недела предизвика вџашеност кај блогерите и активистите во и надвор од Азербејџан, па сега се покрена видео кампања со цел да се повика азербејџанската влада да ги ослободи двајцата лидери на младинското движење: Аднан Хајизада и Емин Мили.
Азербејџан: Граѓанските медиуми во одбрана на притворените активисти, блогери
Иако најмногу активност има на Фејсбук каде корисниците продолжуваат со најнови вести за случајот на видео блогерот Аднан Хајизаде и младинскиот активист Емин Мили,кои беа притворени минатата недела и осудени на истражен притвор од два месеци, помала активност евидлива и во конвенционалните медиуми, но ситуацијата се менува.Сепак, граѓанските медиуми остануваат главниот извор на информации.
Азербејџан: Активист, истакнат блогер во затвор после судење зад затворени врати
За што и да беше првиот случај на истакнат блогер, напaданат и притворен во Јужен Кавказ, двајца активисти вчера беа затворени на два месеци во истражен затвор што многумина го сметаат за пародија на правдата.
Србија: Блогирање за правда и заштита
Вознемирени поради неодамнешното страшно убиство кое се случи пред социјалните работници во источно српскиот град Књажевац, Расел и Јелена направија блог каде ја опишуваат нивната борба со српскиот легален систем за да го заштитан детето на Јелена од нејзиниот поранешен сопруг - наркоман.