· јули, 2008

Написи за Политика од јули, 2008

Кина: Бучни игри

  16 јули 2008

Секогаш циничниот, но дефинитивно не непријателски, хумористичен блогер Ванг Киофенг денес го објави ова (и само ова), со наслов „бучни игри“, шега за кинескиот збор за олимписките игри:

Кина: Зошто Кина стави вето на санкциите против Зимбабве?

На почетокот на оваа година, Кина испрати цел арсенал оружје во Зимбабве и тоа пред самиот почеток на контроверзните претседателски избори. По обвинувања за политичко насилство и потоа повторното избирање на претседателот Мугаби, минатата недела Кина се спои со Русија при советот за безбедност на Обединетите нации и стави вето...

Белорусија: Експлозија, апсења и блогерска солидарност

Пред една недела, рачно изработена бомба експлодираше во толпа од илјадници луѓе, кои се собраа поради целовечерниот концерт за денот на независноста, во близина на споменикот за Втората светска војна во централен Минск. Експлозијата се случи околу 12:30 на 4 јули; околу 54 луѓе беа повредени; претседателот на Белорусија Александар...

Јапонија: Блогерите за гозбата покрај кризата со храна, Г-8 преку Скајп?

  10 јули 2008

Г-8 самитот во Тојако, Хокаидо [ја], заврши на 9 јули по три дена состаноци, оставајќи горчина за некои блогери во Јапонија. Со вкупни трошоци за организација и обезбедување доволни за да се третираат милиони ХИВ пациенти и со протести од илјадници фармери и активисти од целиот свет, настанот не помина...

Јапонија: Коментар за киднапирање предизвика остри реакции

  9 јули 2008

Член на Либералната демократска партија и поранешен генерален секретар Коичи Като предизвика остри реакции од блогерите [ja] и на 2канал [ja] со коментар кој го даде на 7 јули. Во коментарот, Като го поврза застојот на преговорите помеѓу Јапонија и Кореја со владината одлука во 2002 да не ги врати...

Дебата за нуклеарната спогодба помеѓу Индија и САД

Во последниве неколку месеци имаше жестока дебата во Индија за нуклеарната спогодба со САД. Ова е прашање за кое премиерот Манмохан Синг силно лобираше и се обидуваше да добие политичка согласност. Всушност, неколку аналитичари и набљудувачи истакнаа дека г. Синг е подготвен на национално гласање, ако е тоа потребно. Левицата...

Иран: Смртна казна за блогирање?

Во средата, иранските членови на парламентот гласаа за предлог документ со кој ќе се бараат „построги казни за вознемирување на психичката сигурност на општеството“. Текстот во документот ќе ги додаде на листата со злочини казнети со смрт и „веб страниците и блоговите кои се основаат на промовирање на корупција, проституција...

Косово: „Признавачи“ и „Непризнавачи“

Фистфул оф Еурос пишува [en] за 43те држави кои ја признаа независноста на Косово и ги категоризира останатите по нивните причини за да не го направат тоа. Исто така, има претходен пост за Косово и Безбедносниот совет на ОН [en].

Бахреин: Код за етика на блогерите против секташтвото

Со политичката поделеност во Бахреин вообичаено составена од секташки групи, блогерот Махмод Ал Јосиф објави код за етика со цел да го запре ширењето на омразата онлајн. Мохмод објаснува: Јас верувам дека со моменталната ситуација, време е да застанеме обединети против секташтвото и дискриминацијата во сите свои форми. Затоа, предложувам...