· мај, 2008

Написи за Политика од мај, 2008

Еквадор: Претседателот Кореа критикуван за време на посетата на Европа

Кореа за време на маршот во Гвајкил на 19 Јануари, 2008 г. – фотографија на Чарли Перез лиценцирана под Криејтив комонс. Минатата недела известивме дека Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа беше топло примен во Шпанија и се покажа дека има различна врска со шпанскиот крал, и дека не мора да значи...

Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со Грција

Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу...

Индија: Експлозии во Џајпур, тероризмот и Владата

  14 мај 2008

Серија експлозии го потресоа Џајпур на 13-ти мај. Според извештаите, има повеќе од шеесет жртви и 150 повредени. МајЗоун пишува за Џајпур, кој беше релативно мирен град, како и за општата паника која ја предизвикаа експлозиите. Неверувањето се претвори во шок кога во рок од петнаесетина минути двете експлозии станаа...

Кувајт: Тага за шеикот Саад

Поранешниот кувајтски владетел шеикот Саад Ал Абдула Ал Сабах почина денес после долго боледување, на 78 години. Кувајтската онлајн заедница беше трогната од веста и илјадници пораки за сочувство се појавија на блоговите, на арапски и англиски јазик. Државата прогласи тридневна жалост – но парламентарните избори, закажани за сабота, ќе...

Русија: Некаков Марш

Руската опозиција требаше да одржи протестен собир на 6 мај во Москва, на вечерта на инаугурацијата на Дмитри Медведев кој ќе го замени Владимир Путин на претседателското место, но градските службеници не го дозволија тоа – па водачите на опозициската коалиција, Другата Русија, на крајот го откажаа Маршот на дисидентите...

Малезија: Бдеење за блогерот во затвор Раја Петра

Запознајте се со случувањата во Малезија од последните неколку дена откако популарниот блогер и политички коментатор Раја Петра Камарудин, 58 годишен, во вторникот беше осуден на затвор, по судењето кое го обвини за противдржавно делување за напишан блог пост. Ако владата на Малезија беше вистински загрижена за можното влијание на...

Либан: Штрајкот закиселен

7ми Мај требаше да биде ден за генерален штрајк и демонстрации за борба против владината економска политика, цените на оризот и малите плати. Синдикатот на работниците мораше да ги откаже демонстрациите, иако штрајкот е сѐ уште во тек, бидејќи избија судири во многу места во Либан помеѓу различни фракции кои...

Taџикситан: Eлектрична енергија во замена за платите

Градоначалникот на Душанбе и Претседателот на Горниот дом на таџикистанскиот парламент на Таџик, Мамадсаид Убаидулоев предложија необичен начин за собирање на средства за конструкција на Рогун хидроцентрала – еден од најголемите енергетски проекти во Таџикистан. Тој ги пресмета сите плати на жителите на Душанбе и извлече заклучок дека доколку сите...

Чиле: Политички пораки во онлајн музичко видео ја размрдаа нацијата

СубВерсо е уметничкото име на Висент Дуран, автор на Информирај се, хип-хоп песна која ја критикува политиката и видео кое најчесто се дистрибуира онлајн, за која се дигна прав во чилеанската заедница и предизвика поплава од коментари. Меѓу нив има за пораката која ја дава за информација, без да ја...

Киргистан: Неспокоен април

Во последната недела од Април започна неочекувано опаѓање на температурите. Многу од блогерите објавија фотографии од замрзнатото зеленило и дрвата под снег. Јанаги, на својот блог претстави прекрасните фотографии од лисјата под снег. ред_птеро го нарече [ru] ова опаѓање на температурата „последици од глобалното затоплување.“ Опаѓање во температурите се случи...