· јули, 2008

Написи за Владеење од јули, 2008

Кина: Бучни игри

  16 јули 2008

Секогаш циничниот, но дефинитивно не непријателски, хумористичен блогер Ванг Киофенг денес го објави ова (и само ова), со наслов „бучни игри“, шега за кинескиот збор за олимписките игри:

Бразил: „Заборавете го адсенс, сакам банер од Сенатот!“

Малиот банер во горниот десен агол на веб сајтот paraiba.com.br ги чини плаќачите на данок од Бразил, 30,084.61 долари месечно. Според договорот, ова е „Провизија за промоционален банер, брендиран од Сенатот со директен линк до неговата веб страница на страницата www.paraiba.com.br за дванаесет (12) месеци.“ Информацијата дојде од блогот Контрадиториум,...

Кина: Зошто Кина стави вето на санкциите против Зимбабве?

На почетокот на оваа година, Кина испрати цел арсенал оружје во Зимбабве и тоа пред самиот почеток на контроверзните претседателски избори. По обвинувања за политичко насилство и потоа повторното избирање на претседателот Мугаби, минатата недела Кина се спои со Русија при советот за безбедност на Обединетите нации и стави вето...

Египет: Уривање на згради

Наслови за уривање на згради и извлекување на тела на деца од урнатините се вообичаени во Египет. Ибн Ал Дуниа, пишувајќи за Фустат, не известува за последната трагедија која одзеде пет невини животи. Блогерот објаснува: Една зграда во градот Мансоура на делтата на реката Нил се сруши вчера вечер. Објавено...

Белорусија: Експлозија, апсења и блогерска солидарност

Пред една недела, рачно изработена бомба експлодираше во толпа од илјадници луѓе, кои се собраа поради целовечерниот концерт за денот на независноста, во близина на споменикот за Втората светска војна во централен Минск. Експлозијата се случи околу 12:30 на 4 јули; околу 54 луѓе беа повредени; претседателот на Белорусија Александар...

Никарагва: Нов монопол во телекомот

Минатата недела Карлос Слим, најбогатиот жив човек, го купи најголемиот претплатнички ТВ провајдер во Никарагва. Таа компанија, ЕСТЕСА, веќе беше де факто монопол на пазарот, а сега е дел од телеком-империјата која ја гради Слим во Никарагва. Во овој момент, Слим е сопственик на ЕНИТЕЛ, со брендот КЛАРО (Мобилен телефон),...

Јапонија: Блогерите за гозбата покрај кризата со храна, Г-8 преку Скајп?

  10 јули 2008

Г-8 самитот во Тојако, Хокаидо [ја], заврши на 9 јули по три дена состаноци, оставајќи горчина за некои блогери во Јапонија. Со вкупни трошоци за организација и обезбедување доволни за да се третираат милиони ХИВ пациенти и со протести од илјадници фармери и активисти од целиот свет, настанот не помина...

Аргентина: Учениците се врзаа себеси барајќи подобро училиште

Во провинцијата Рио Негро, во градот Генерал Рока во Аргентина, учениците од ЦЕМ 106 бараат од владата да ги спроведе нејзините ветувања за решавање на проблемот на нивното училиште. Видеа од отворени одводни канали пред училиштето, 3 училници за повеќе од 240 ученици и септичка јамка која се излива во...

Јапонија: Коментар за киднапирање предизвика остри реакции

  9 јули 2008

Член на Либералната демократска партија и поранешен генерален секретар Коичи Като предизвика остри реакции од блогерите [ja] и на 2канал [ja] со коментар кој го даде на 7 јули. Во коментарот, Като го поврза застојот на преговорите помеѓу Јапонија и Кореја со владината одлука во 2002 да не ги врати...

Иран: Смртна казна за блогирање?

Во средата, иранските членови на парламентот гласаа за предлог документ со кој ќе се бараат „построги казни за вознемирување на психичката сигурност на општеството“. Текстот во документот ќе ги додаде на листата со злочини казнети со смрт и „веб страниците и блоговите кои се основаат на промовирање на корупција, проституција...