Написи за Етничка припадност и раса од мај, 2008
Грција, Македонија, Бугарија: Грк Зорба
Грејтер Сурбишн го цитира Никос Казанзакис од „Грк Зорба“: „Со моменталната политика на Грција кон Македонија, поучно е да се прочитаат зборовите кои Казанзакис ги наметна на овој најпопуларен грчки фиктивен херој кога подоцна ја опишува неговата улога во обидите на Грција да ја колонизира Македонија […].“
Македонија: Посета на грчки пацифисти
Анастас Вангели ги објави своите впечатоци од анти-националистичкиот и антимилитаристички грчко-македонски дијалог кој се одржа минатата сабота – на македонски и англиски. Учесниците во Грција биле прогласени за предавници и анатемисани од солунскиот митрополит во неговата неделна проповед.
Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со Грција
Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу...