Написи за Животна средина

Расчистување на крајбрежјето во Сингапур

  20 март 2015

Од 1992, Интернационалното расчистување на крајбрежја – Сингапур организира активности за отстранување на отпадоците од плажите и крајбрежните подрачја во Сингапур. Секоја година, околу 1.500 волонтери се приклучуваат на настаните за расчистување каде собираат 60.000 парчиња отпадоци.

Водечката причина за смрт во земјите во развој може да ве изненади

  10 февруари 2015

Овој напис од Ричад Фулер е првично објавен на Ensia.com, списание коешто ги нагласува меѓународните решенија за животната средина во акција, и е повторно објавен тука според договор за споделување содржина. Која е водечката причина за смрт во земјите со низок и среден приход? А. неисхранетост Б. туберколоза, маларија и СИДА/ХИВ В. загадување...

Граѓаните на ЕУ поднесуваат петиција против спогодбите за трговија ЦЕТА и ТТИП

  4 февруари 2015

Граѓаните од цела Европа поднесуваат петиција против ЦЕТА (Сеопфатниот економски и трговски договор) и ТТИП (Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство). Според Европската комисија, ЦЕТА „ќе им понуди на фирмите од Европската унија повеќе и подобри бизнис можност во Канада и ќе обезбеди работни места во Европа”, додека ТТИП „има за цел да...

#ФрлиЈаМастиката, иницијатива за рециклирање во Аргентина

  14 ноември 2014

На некои улици во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, се појавија розеви кутии за фрлање на искористени гуми за џваќање. Целта на оваа иницијатива е да се намалат отпадоците од гумите за џвакање на јавните простори. Повторно собраните искористени гуми за џвакање можат да се претворат во гумени чизми...

Шумата на Хиро, се поредок вид на „Сатојама“ училиште кое ги поврзува децата од рурална Јапонија со природата

  24 октомври 2014

Сатојама училиште во руралната Тојама покраина во Јапонските Хокурику т.е „северни предели“ кое беше затворено оваа пролет доби втора шанса. Сатојама е термин со богато значење во Јапонија и генерално се однесува на интензивно култивирана земја која се вклопува во природната средина. Поголемиот дел од рурална Јапонија беше сатојама, каде не само што култивирањето на...

НВО во Перу ги храни пеликаните за да спречи нивно изумирање од глад

  17 септември 2014

На делтата на реката Мoche во северната Перуанска провинција Trujillo, членови на НВО Corazones Bondadosos (Дарежливи срца) нахранија повеќе од 400 пеликани со свежа риба за да спречат истите да изумрат од глад. Colectivo ‘Corazones Bondadosos’ alimentan a pelicanos en Trujillo. Noble gesto. Piden apoyo de autoridades @tromepe pic.twitter.com/y4py4NpaYr — Jota Rosado (@jotarosadol) septiembre...

Нов вид на пајаци од Борнео наречени по исчезнат активист

  16 септември 2014

Откриен е нов вид на пајаци од Борнео, од страна на швајцарски научници, кои го добија името по Бруно Мансер, активист за зачувување на животната средина кој се води за исчезнат во државата Саравак во Малезија од 2000та година. Бруно Мансер учествуваше во кампања за заштита на домородното население Пенан и против уништувањето на прашумата во Саравак...

Инвазија на скакулци во главниот град на Мадагаскар

  12 септември 2014

#valala pic.twitter.com/YHzOx5Q8QU — Vaintche Rahouli (@vincraholi) 28ми август, 2014 Твитер и Фејсбук корисниците од главниот град на Мадагаскар, Антананариво, објавија неколку фотографии од инвазија на скакулци во нивниот град. Инвазиите на скакулци не се необични во Мадагаскар, особено по тропски бури, но тие се многу ретки во големите градови. Скакулците...

“Многу е тешко да се грижиме за Мадагаскар”

Томас Фридман неодамна беше во посета на Мадагаскар и тврди дека Американците треба да обрнуваат повеќе внимание на економските и еколошките катастрофи кои се закануваат на островот. Некои од неговите читатели баш и не се согласија, како Деосинон од Филаделфија, кој вели дека Мадагаскар е премногу оддалечен од неговите приоритети : Се извинувам, но...

Индиски научници превенираат напади од диви слонови со СМС пораки и телевизија

  1 август 2014

Секоја година неколку стотици луѓе умираат во Индија како последица од напад на диви слонови како што на нив им се стеснува и станува се помал просторот за живеење. Научникот Ананд Кумар и истражувачот Ганеш Рагхунатхан од Фондацијата за зачувување на природата (NCF) пронајдоа иновативен начин да се справат со конфликтот помеѓу луѓето и слоновите во...