· јули, 2012

Написи за Граѓански медиуми од јули, 2012

Грција: Јавно самоубиство на 77 годишен старец на плоштадот во Атина

  12 јули 2012

Овој напис е дел од нашата посебна репортажа Европа во криза. Цела Грција утрово беше шокирана од веста дека Димитрис Кристулас, на возраст од 77 год., се застрелал во глава околу 9ч. наутро пред очите на сите минувачи на Синтагма плоштадот, Атина, спроти зградата на Собранието. Господинот е наводно пензиониран...

Египет: Сон за подобро утре

Овој напис е дел од специјалната репортажа Протести во Египет 2011. Како што демонстрациите во Египет навлегуваат во својот дванаесети ден, некои се обесхрабруваат, но други пак имаат големи надежи за позитивен резултат. Авторот на Глобал Војсис, Еман Абд Ел Рахман е од вторите. На нејзиниот блог таа ги сподели...

Мароко: Девојче принудено да се омажи за нејзиниот силувач изврши самоубиство

Амина, 16 годишно девојче од Ларахе, Северно Мароко, кое беше присилено да се омажи за нејзиниот силувач за да ја сочува „семејната чест“, реши да земе отров за глувци и така да му стави крај на својот живот. Нејзината судбина длабоко ја потресе граѓаните на Мароко кои искажаа сочуство преку твитер со користење на хаштагот #RIPAmina.

Порторико: Онлајн кампања против непотребна примена на царски рез

Непотреба примена на царски рез е името на кампањата започната на почетокот на март во Порторико, која има за цел да го намали веќе високиот процент на породувања со царски рез во земјата. Се смета дека голем дел од породувањата со царски рез не се извршени поради медицински причини. Слика...

Ерменија: Стрејт во селото

  11 јули 2012

Со само $5,400 БДП по глава на жител во 2011 година, Ерменија е една од најсиромашните земји од поранешниот Советски Сојуз. Иако, развојот во центарот на главниот град Ереван можеби ќе ја прикаже земјата во друго светло на туристите, посебно на оние од пошироката дијаспора, економската состојба е најзабележлива во...

Избрани видеа: Одбрана на човековите права

  11 јули 2012

Овoj дел се стреми да прикаже интересни и најнови постови на Глобал Војсис кои укажуваат на многуте начини на кои видео материјалите им помагаат на луѓето да ги кажат своите приказни ширум светот. Активноста може да се следи по региони на нашиот Јутјуб канал. Неколку приказни со видео материјали овој...

Тунис: Онлајн платформа за следење полициски злоупотреби

Јези е туниска колаборативна платформа која документира и известува за злоупотреба на полициските овластувања и злосторства направени од полициски службеници. Во земја во која полициската корупција долги години поминувала незабележано и неказнето, луѓето сега имаат можност да го пренесат јавно (по потреба и анонимно) она за што се осудувале само да шепотат со блиските.

САД: Македонска блогерка се качила на врвот Денали на Аљаска

Планинарката и уметница Илина Арсова блогираше на англиски и македонски за нејзиното качување на врвот Денали, односно Планината Мекинли [en], највисокот врв во Северна Америка. Таа претходно пишуваше и за експедициите на Климанџаро [en] во Кенија и Танзанија, како и на Ама Даблам во Непал.

Македонија: Цитирање на Хавел

Линкот до познатото отворено писмо  – „Драг д-р Хусак“ [en, cz] (1975) – до лидерот на чешката комунистичка партија од тогашниот дисидент Вацлав Хавел, деновиве го споделуваат многу македонски корисници на Фејсбук, заедно со извадоци како: „Бројот на луѓе кои искрено веруваат во она што го кажува официјалната пропаганда и...