Написи за Граѓански медиуми од јули, 2011
Малдиви: Работилници за граѓанско новинарство
Проектот Малдиви (The Maldives Project) се состоел од серија работилници за граѓанско новинарство на три острови од Малдивите во периодот помеѓу 15 јуни и 10 август 2010. Повеќе информации се достапни на нивниот блог (на англиски).
Индија: Влијанието на перењето пари во швајцарските банки
Шарви Мевада зборува на англиски на младинскиот портал Јут ки аваз (Youth Ki Awaaz) за влијанието на перењето црни пари од Индија преку странски банки, особено во Швајцарија.
Македонија: Најава за Прва женска хакерска вечер
Јованка Гулицоска информираше на нејзиниот блог за претстојната Прва хакерска вечер за жени, закажана за среда, 13 јули, во хаклабот КИКА во Скопје (настан на Фејсбук). Според официјалната најава, добредојдена е секоја девојка која е заинтересирана за: „слободен софтвер, GNU/Linux, но и општо технологија, компјутери, хакирање (не кракирање), мрежи, сервери,...
Украина: Фотографии од пазари „од кои течат лиги“
Проектот Туршија (The Pickle Project) објави „неколку фотографии од кои течат лиги од два пазари во Киев“ како и фотографии од пазар до автопат во регионот Донецк.
Кина: Копија на Кунг фу Панда
Фан Хуанг од Шангаиист ја претставува кинеската копија на Кунг фу Панда: Легендата за Зајакот, копродукција на Северната филмска група од Тианџин и Пекиншката академија за филм.
Куба: Примирје на Твитер
„Разговорот започна студено, со намуртени погледи и логична сомничавост меѓу луѓе кои живеат во земја каде дебатирање за спротивставени мислења е ретка појава“ – Иван Гарсија блогира за ТвитХаб, „првата средба помеѓу официјалните партиски твитерџии и алтернативците на која… обете групи можеле да се видат лице в лице и да...
Јамајка: Моќта на социјалните медиуми
Литературниот блогер од дијаспората Џофри Филп (на англиски) „изутринава кога се разбудил го сфатил вистинското значење на социјалните медиуми“.
Кариби: Имигрантите од регионот во Канада
Карипската камера известува на англиски за 245.000 карипски имигранти во Канада, каде најголемите популации биле од Јамајка, па од Хаити и потоа од Тринидад и Тобаго.
Белорусија: Виновни заради роднински врски
Корисникот на Лајв џрнал (LJ) будимир тврди (на руски) дека Михаил Мјасникович, премиерот на Белорусија, на средба со раководители на компании објавил дека сите учесници на протестите против режимот на Лукашенко и членовите на нивните семејства ќе бидат отпуштени од работа – мерка која блогерот „ја поддржува“.
Куба: Концерт за мир
Самото спомнување на зборот „Куба“ буди најстрасни дебати, особено меѓу Латино-американците и луѓе од Карибите. Колумбискиот пејач Хуанес предложи примирје, момент за солидарност, за мир, за надминување на политички, географски и емоционални граници. И кој е подобар начин за постигнување на ова, отколку со музика? Ова е визијата што го...