· јули, 2012

Написи за Граѓански медиуми од јули, 2012

Либан: Прослави за Цветници и Велигден

На 8 април 2012 година, во Либан се случија две христијански прослави, бидејќи црквите кои го следат Грегоријанскиот календар го славеа Велигден, а црквите кои го следат Јулијанскиот календар го славеа празникот Цветници. Ова значи дека некои христијани ќе го слават Велигден на 15 април наредната недела. Во 2013 година, двата Велигдени ќе бидат временски пооддалечени, на...

Унгарија: Турбулентен државен празник

  23 јули 2012

Унгарија го прослави 164-от роденден од револуцијата во 1848  година. На 15 март 2012, опозицијата изгласа рапер како „алтернативен претседател“ – во време кога премиерот ја споредуваше земјата со жаба која во последен момент скока од тенџере со врела вода, како и во време кога еден дел од демонстрантите од...

Ерменија: Млад автор се соочува со воена цензура

Хованес Ишкањан, 24-годишен компјутерски програмер и, како многу други, поранешен регрут во ерменската војска, се најде во доста тешка ситуација во поранешната Советска република, откако издаде литературна творба во која детално го опишува животот во државната војска. Покрај тиражот од само 300 примероци, ерменскиот воен обвинител вели дека книгата ја...

Декларација за слобода на интернетот

Како што многумина од вас имаат забележано, светот се наоѓа во многу важен момент кога станува збор за слободата на интернет. Во многу земји низ светот се креираат нови закони за цензурирање на интернетот, додека блогерите се почесто се под закана да се изразат слободно. Во последната година, организации од целиот свет...

Порторико: Новата Грција?

Финансискиот аналитичар Кејт Лонг (@cate_long), колумнист и блогер за новинската агенција Ројтерс, направи преглед на економијата во Порторико и тој не беше охрабрувачки. Во нејзиниот блог MuniLand, таа објави напис во кој ги нагласува сличностите во економиите на Порторико и Грција: Порторико може да се опише како американска земја од...

Хрватска: 2,8 милиони „неподобни“ книги уништени во деведесеттите

Во студијата „Книгоцид“, Анте Лешаја го документирал процесот на „чистење“ „неподобни“ книги од хрватските училишни и јавни библиотеки од страна на десничарската влада на ХДЗ во деведесеттите. Според интервјуто со проф. Лешаја во Јутарњи лист, „отпишувањето“ според идеолошки и етнички критериуми опфаќало книги „напишани на кирилица, на екавица, книги од...

Крах на социјалните медиуми во Кина: 6 апсења, 16 затворени сајтови

  13 јули 2012

Вестите се проширија на кинеските веб страници откако земјата се разбуди со следната новост во саботата 31 март 2012: според кинеската Информативна канцеларија (SIIO) и пекиншката полиција, шест лица беа уапсени и 16 интернет сајтови затворени заради „создавање или ширење на гласини на интернет“ како што пренесува новинската агенција Ксинхуа. Истиот...

Куба: Кого ќе поддржи Папата?

Во 2:00 попладне на 26 март, Папата Бенедикт XVI пристигна во Сантијаго де Куба, со што ова е втора посета на врховен свештеник на Католичката црква на Карипските острови во 14 години. За неколку денови, областа околу главниот Плоштад на револуцијата (Plaza de la Revolución) беше преполна со градежници, инженери,...