· март, 2011

Написи за Граѓански медиуми од март, 2011

Македонија: Парастос на демократијата

Искусни блогери од Македонија ги коментираат приватните средби помеѓу водачите на најголемите политички партии кои го имаат заменето јавниот демократски дијалог во рамките на државните институции.

Унгарија: Посета на Ѓонѓошпата

Активистите на Индимидиа колинг ги споделија нивните неодамнешни искуства од Ѓонѓошпата, село од северна Унгарија што стана познато поради ’окупацијата‘ од членови на екстремно десничарска паравоена организација (на англиски јазик).

Македонија: Пописот одложен за октомври

Како штo се предвидуваше, Собранието на РМ минатата среда донесе нов закон со кој го одложи Пописот, оригинално закажан за април. Новиот термин е октомври. Политичките лидери сè уште го немаат определено датумот за предвремените избори: за сега како најверојатни термини се споменуваат мај или јуни.

Јапонија: Граѓански видеа од земјотресот

  20 март 2011

За восхит е личноста која ја оставила камерата вклучена, додека земјата се тресе под неа. На YouTube популарни се снимките кои граѓаните ги направиле во петок, 11 март, за време на земјотресот и цунамито, кои предизвикаа масовен пустош во поголем дел од Јапонија. Овие се само неколку од многуте кои се објавени онлајн.

Македонија: Отворен Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје

Балканализис.ком пишува за церемонијата на отворање на Меморијалниот центар на холокаустот, одржана во главниот град на Македонија на 11 март: „Иако нештата никогаш нема да бидат како порано во земјата во која денес живеат само нешто повеќе од 200 Евреи, сепак макар за момент можеше да се почувствува какво било...

Перу: Земјотресот и цунамито во Јапонија влијаеше врз Перуанците

Овој пост е дел од нашиот специјален извештај за земјотресот во Јапонија 2011. Земјотресот што ја погоди Јапонија на 11 март 2011 година исто така влијаеше и врз други делови од светот. Перу има голема заедница на граѓани кои живеат во Јапонија. Според процените објавени на интернет [шпански], има околу...

Меѓународниот ден на жената одбележан во Гана со церемонија на доделување награди

Секоја година во целиот свет, Меѓународниот ден на жената (МДЖ) се слави на 8-ми март. Не само овој ден, туку целиот месец март, е исполнет со стотици настани кои ги одбележуваат економските, политичките и социјалните достигнувања на жените. И жените од Гана не заостануваат на овој значаен ден. Се случија...

Јапонија: Токио по земјотресот

  13 март 2011

Во петокот на 11 март. 2011 год. во 14:46:23 часот по локално време, Јапонија беше погодена од земјотрес со јачина од 8.9 степени, најсилниот измерен земјотрес во историјата на државата.

Иран: Протести за ослободување на опозициските лидери (видеа)

Демонстрациите од вторникот во Техеран, Шираз, Исфахан, Табриз,  Машхад и во други градови во Иран, беа предизвикани поради извештаите од оваа недела околу апсењето на опозициските лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби, изјава кој се негира од авторитетите. Техеран: „Смрт за диктаторот“ Техеран: Поддршка на  Мусави Техеран: „Ослободете ги...