· април, 2008

Написи за Уметност и култура од април, 2008

Венецуела: Симпсонови не се повеќе добредојдени

  18 април 2008

Се чини дека владата на Венецуела не се грижи многу за шоуто на Мет Гронинг, “Симпсонови.” Американското ТВ шоу, многу популарно во последните десет години и повеќе, беше неодамна забрането на една од приватните мрежи во Венецуела, по наредба на владата. Наводно, агенцијата за контрола на медиумите примила некои поплаки...

Влог интернационал: Соработка без граници

  14 април 2008

Влог интернационал е проект со кој се зближуваат влогери кои говорат шпански: луѓето ги поставуваат своите идеи, се одбира една и секој од нив го снима своето делче, некој ги спојува заедно и потоа се објавуваат на нивните сајтови. Тие започнаа во 2006, кога група од пријатели се собраа заедно...

Видео на Фликр: Јаболко на раздорот

  11 април 2008

Седумнаесет часа по нејзиното создавање, Фликр групата „БЕЗ ВИДЕО НА ФЛИКР!!!“ веќе има повеќе од 5475 членови и 670 ставки. Она што е уште повеќе зачудувачки е што друга група, „Им велиме НЕ на видеозаписите на Фликр“, создадена два часа подоцна, има двојно повеќе членови од претходната група, а двете...

Јапонија целосно расцветана

  7 април 2008

Пролетта стаса во Јапонија со првите цветови на црешите оваа година. Луѓето нестрпливо ја чекаат временската прогноза за цветот која треба да биде објавена од Метеоролошката агенција, додека во својот календар го обележуваат најдобриот ден за набљудување на цветовите (ханами). Како што фронтот на црешови цветови (сакуразенсен) се помести на...

Колумбија: Блогери собираат потписи за петицијата за авторски права и индустриска сопственост

  2 април 2008

Каролина Ботеро, адвокат и промотор на Криејтив комонс за Колумбија бараше од блогерите и сите други што имаат пристап до компјутер и интерес за она што се нарекува „права на интелектуална сопственост“ да потпишат отворено писмо што ќе се испрати до КОНПЕС - Националниот совет за општествена и економска политика, а против нацрт-законот што претходно им го испратил Одделот за национално планирање, во кој новите модели на споделување на знаењето кои овозможуваат алтернативи на традиционалните политики за „заштита и примена“ се целосно игнорирани.

Костарика: Парада на кравите и видеозаписи на интернет

Парадата на крави себеси се нарекува најголем јавен уметнички настан во светот, а тоа што беше избран да биде домаќин на легијата на крави секако е голема работа за главниот град Сан Хозе, ако се имаат предвид стандардите на малата Костарика. На веб-сајтот АмелијаРуеда.ком [es], низ серија од видеозаписи на интернет и преку ЈуТјуб се информираше публиката на сајтот за доаѓањето и заминувањето на 120-те крави и локалните уметници задолжени за нивно декорирање по повод настанот.