Написи за англиски од април, 2010
Русија: Зголемени цените на такси превозот и СМС измами по нападите во московското метро
Последиците од неодамнешните бомбашки напади во метрото во Москва земаат замав.Луѓето ги оплакуваат жртвите,бараат одговори на многу прашања, размислуваат за иднината на Русија и се лутат на ... таксистите и измамите по СМС кои изгледа дека сакаат да профитираат од трагедијата.
Сингапур: Кампања против смртната казна
Блогерите од Сингапур реагираат на смртната казна изречена од Врховниот Суд за малезиското момче осудено за трговија со дрога.
Полска: Претседателот Качински загина во авионска несреќа-првични реакции
Силвија Пресли известува за првичните реакции на полските корисниците на социјалните мрежи за шокантните вести за авионска несреќа,која се случи утрово во Западна Русија,во која загинаа полскиот претседател и многу други високи претставници.
Преведувач на неделата: Одри Ламберт и нејзините ученици во Франција
Одри Ламберт е верен и посветен преведувач за Глобал Војсис на француски јазик од 2008та година. Таа е пионер во школска работа со Глобал Војсис во гимназијата Озен (Lycée Ozenne), во Тулуз, Франција.
Борба помеѓу Greenpeace и Nestle за слободата на говорот
Во последните две недели зачестија дебатите за неодамнешната кампања на Гринпис (Greenpeace) против Нестле (Nestle) поради употребата на палмино масло, високоризичен, деструктивен ефект врз животната средина. Кампањата започна со поставување на видео на YouTube и објавено на главниот сајт на организацијата, во која еден вработен во канцеларија си јаде крваво...
Јапонија: Спорните китови
Само неколку дена откако документарниот филм „Залив“ беше награден со Оскар, свртувајќи го вниманието на јавноста и медиумските гласила низ целиот свет на проблемот со нелегалниот лов на китови, Питер Бетјун, водачот на групата против ловот на китови Си Шеперд кој беше уапсен во Токио [англиски], повторно го активираше спорот...
Пакистан: Расте злоупотребата на деца
Во Пакистан има вознемирувачки пораст на случаите со злоупотреба на деца. Според локалниот референт на УНИЦЕФ Шамшад Кјуреши, причината лежи во недостатокот од спроведување на законите, неодговорноста на родителите и отсуството на свест меѓу децата и општеството. Тој исто така рече дека главниот фактор кој ја предизвикува педофилијата во Пакистан...
Кина: Обединети новинари бараат оставка од гувернер
Инцидентот во кој гувернерот на провинцијата Хубеј, Ли Хонгѕонг насилно го одзеде снимачот на една новинарка и одбивањето на јавното барање за негово извинување, ги обедини академците и медиумските работници кои започнаа петиција во која се бара оставката на гувернерот. Исто така: новинарски претставници и новинарски привилегии.