Здравко Вељанов (Zdravko Veljanov) · јуни, 2010

Последни написи од Здравко Вељанов (Zdravko Veljanov) од јуни, 2010

Индија: Што значи да си Индиец?

  30 јуни 2010

Што значи да си Индиец? Прија Рамани е уредник на Mint Lounge, неделно списание на бизнис весникот Mint, а една статија што неодамна ја напиша за нејзините чувства дека всушност не е Индијка, предизвика вжештена онлајн дебата. Иако хумористично напишана, заради изразувањето на стереотипите за индиското однесување, сепак статијата на...

Филипини: Конгресот не успеа да го усвои предлог-законот за слобода на информирање

  23 јуни 2010

Последната седница на филипинскиот конгрес на 8ми јуни беше обележана со неуспехот  да се усвои предлог-законот за слобода на информирање, значаен закон со  кој ќе спроведе една политика која ќе ги обелоденува владините трансакции. Предложениот закон ќе ги санкционира службениците кои одбиваат пристап до информации и е прифатен како неопходен...

Египет: Се викав Калед и не бев терорист

Демонстрациите и бесот продолжуваат во Египет, поради смртта на еден млад Египќанец, наводно во рацете на полицијата. Бесот на улиците е очигледен, каде што граѓаните, новинарите се изјаснуваат. Се викав Калед и не бев терорист е името на новата Фејсбук страна, која го осудува мачењето на полицијата и користењето на...

Ирак: Кој ќе биде следниот Премиер?

Иако парламентарните избори во Ирак се одржаа на 7 март, сепак двата главни политички блока според резултатите од изборите, сè уште не можат да се согласат за еден кандидат кој ќе биде именуван за нов премиер. Сегашниот премиер, Нури ал Малики, тврди дека имало измами во изборниот процес. Сепак, изборната...

Алжир: Разочарување и гнев по поразот од Словенија

По долгото чекање од 24 години, алжирскиот државен фудбалски тим конечно повторно стана дел од Светското првенство. Затоа што домашните работи се преполни со официјални пропаганди во медиумите (на радио и телевизија), Алжирците го фокусираа своето внимание на светскиот куп, надевајќи се дека ќе им понуди излез од секојдневните животи....

Иран: На годишнината од изборите, да се демонстрира или не?

Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби, двајцата водечки личности во иранската опозиција формално ги прашаа властите за дозвола да одржат митинг за време на годишнината од оспорените pретседателски избори од 12 јуни. Тие ја изразија загриженоста за безбедноста на демонстрантите во една заедничка изјава. Онлајн, некои Иранци не се согласуваат...

Арапски свет: Каде улиците се мирни за време на фудбалските натпревари

Милиони луѓе околу светот се залепени за нивните телевизиски екрани, гледајќи ја церемонијата на отворањето на Светското првенство во фудбал од Јужна Африка – па сцената не е поразлична ниту во Арапскиот свет. Од Саудиска Арабија, Калед Алабдураман прави резиме за расположението во регионот: Во следните неколку часа улиците на...

Гватемала: Вонредна состојба поради тропската бура Агата

Веднаш откако вулканот Пакаја ја зголеми својата активност, тропската бура Агата, која се создаде некаде во Средна Америка особено тешко ја погоди Гватемала, оставајќи опустошност во планинските краеви, како и исчезнати луѓе, 93 жртви, блокирани патишта, скршени мостови и опустошеност во руралните средини. Бурата се смири на 30 мај, но поради големите...