Последни написи од Тања Велковска од март, 2010
Мали: Културното и економско значење на текстилната индустрија
Благодарение на видеата можеме да ја запознаеме и да ја цениме културната вредност на занаетот на боење ткаенини во Мали и силниот економски импулс кој овој сектор го обезбедува на многу луѓе и организации во оваа земја.Женските здруженија,уметниците и туризмот ги користат потенцијалите на оваа традиција.
Кина: Преиспитување на политиката за едно дете
Стареењето на општеството и исцрпувањето на демографскиот удел беа дискутирани за време на Националниот народен конгрес и Политичката консултативна конференција на кинескиот народ,каде,исто така,беше побарано да се преиспита политиката за едно дете.
Полска: Измами насмевка на детското лице – лесно е!
Tомек (24 години) и Вероника (18) отсекогаш биле волонтери-ентузијасти. И покрај тоа што се млади, секогаш помагале во болниците, работеле со лицата со инвалидитет и организирале разни добротворни настани. Tомек...
Бугарија: Дебата за исламот
На 26 февруари, околу 40 луѓе присуствуваа на дебатата со наслов "Исламот како закана - повторно во мода?",која се одржа во Центарот за култура и дебата "Red House" во главниот град на Бугарија, Софија.Руслан Трад преведе дел од натписите на блогот за прашањата за кои се дискутираше.
Казахстан: Поплава уби 47 луѓе и остави илјадници бездомници
Илјадници луѓе се раселени од загрозените области по рушењето на две брани во Казахстан во четвртокот и петокот.Трагедијата се случи во областа на Аксуиску,северно од Алмати,главниот трговски град на земјата.
Велика Британија: Борба против имиграциските казнени центри за деца
Кон крајот на минатата година,група британски граѓани лансираше едноставна кампања со цел ставање крај на затворање на новороденчињата и на децата од страна на властите одговорни за контрола на имиграцијата.Сега тие ги раскажуваат приказните на две од многуте притворени дечиња.
Француски муслимани: Од колонизација до државјанство
Во време кога Француска Африка ја слави 50 годишнината од својата независност од Франција или Белгија и со татнежот на дебатата за“националидентитетот” како позадина,новата генерација француски креатори на документарци одлучија да се справат самите со себе, како муслимани и француски државјани, што значи да се биде двете во секуларна Франција. Mуслимани од Франција [Фр ] беше пуштен на францускиот канал Франс 5 на 23 фебруари. Во видеото подолу, Карим Mиске’, еден од директорите,најпрвин појаснува како тие ги дефинирале “Француските Муслимани“.
САД: 4 март, ден за одбрана на образованието
Четврти март е национален ден за акцијата за одбрана на образованието, на кој учествуваа неколку универзитети од Соединетите Држави. Студенти протестираа против зголемувањето на давачките за упис, против расизмот и...