Тамара

Последни написи од Тамара

Испораки на KFC преку тајни тунели шверцувани во Палестина

Палестинецот, Анас Хамра, од Газа, тврди дека го добил испорачано неговото Кентаки пржено пилешко – по чекање од 7 часа. Неговата приказна се совпаѓа со неодамнешниот извештај во Њујорк Тајмс кој вели дека жителите на Газа ги добиваат своите испораки од KFC, од Ал Ариш во Египет, каде тие се...

Дали џез фестивалот во Света Лусија вреди за инвестицијата?

  21 мај 2013

Крајот на овогодинешниот Фестивал на џезот и уметноста во Света Лусија, особено во контекстот на континуираната дебата за буџетот, предизвика многу нетизени да се запрашаат за економскиот импакт на настанот. На групата на Фејсбук Жителите на Св. Лусија целат кон прогрес (S.L.A.P), Вилсон Баптисте се сомнева дека фестивалот некогаш ќе...

Мавританија низ очите на португалски уметник

Португалската уметница Изабел Фиадеиро (@Isabelfiadeiro) живее во Ноуачот, Мавританија, каде таа слика и води уметничка галерија. Фиадеиро исто така црта од набљудување, исполнувајќи го нејзиниот блог Цртање во Мавританија со слики од секојдневниот живот во Западно Африканската нација. Глобал Војсес разговараше со Фиадеиро за нејзината уметност и како цртањето и...

Жена спасена од рушевините на фабрика во Бангладеш по 17 дена

  20 мај 2013

Истиот ден, откако смртниот биланс од рушењето на фабрика на 9 ката во Савар, во предградието на главниот град на Бангладеш, Дака, се искачи на 1.055, правејќи го сега најсмртоносното рушење од терористичките напати на 11 септември, работничка по име Решма Бегум беше најдена жива откако 17 дена била заробена...

Фотосесијата „Биди мој роб“ на пакистански моден дизајнер наречена „расистичка“

  20 мај 2013

Фотосесија за списание за колекцијата на моден дизајнер во подем, предизвика гнев низ Пакистан поради неговиот избор на дете со темна кожа кое служи како роб на модел со светла кожа. Колекцијата со облека прикажана во репортажата „Биди мој роб“ објавена во 106тиот број на списанието Дива, е на Амна...

Јемен: Фокусирајте се на едукација!

Во земја во која степенот на писменост на двата пола (повеќе од 15 години) е скоро 40 проценти, образованието и засилувањето на жените и младите е императивна потреба за било кој конкретен развој во Јемен. Активистот и истражувачот Атиаф Алвазир напиша напис на блог наречен „Читањето треба да биде право...

Грижата за животните вклучена во наставната програма во училиште во Сингапур

  26 април 2013

Добри вести за љубителите на животните. Сингапурското Министерство за образование потврди дека грижата за животните ќе биде вклучена во наставната програма на новото ‘Карактерно и граѓанско образование’ за учениците од основно и средно образование. Општеството за превенција на суровост кон животните го поздрави вклучувањето на грижата за животните во наставната...

Фестивал за урбана уметност истакнува соседство во Порторико

  22 април 2013

[Линковите водат до страници на шпански јазик, освен ако не е назначено поинаку.] Четвртиот годишен фестивал за урбана уметност познат како Santurce es Ley (Сантурсе е закон), кој се одржа викендот 5-7 април, е настан за време на кој визуелни, изведувачки и музички уметници се здружуваат за да создадат улична...

Младите Доминиканци од Хаити го бараат своето право на легален идентитет

  19 април 2013

Околу 50 млади доминикански мажи и жени со хаиќанско потекло, организирани во Movimiento Reconoci.do, маршираа од катедралата Сан Педро де Макорис до Националната палата во Санто Доминго барајќи обновување на нивните документи, притоа и нивната доминиканска националност, одземена арбитрарно преку административна одлука – R12 – донесена од Централниот изборен одбор...

Три можности за Кипар да ја избегне финансиската криза

  18 април 2013

Малиот остров Кипар ја продолжува трката против банкрот. По европската одлука за оданочување на сите депоненти, медитеранската република се соочува со критична ситуација. Се појавија 3 можности за островот: да постигне спогодба со Европа, да и се обрати на Русија, или да прогласи банкрот и да ја напушти Еврозоната. Потекло...