Елена Игнатова · јуни, 2008

Последни написи од Елена Игнатова од јуни, 2008

Индија: Малтретирање на блогерите, крадење на содржина и закани!

  10 јуни 2008

Како блогери ние сме многу ранливи. И покрај анонимноста, псевдонимите и слично, заканите може да не натераат да се прашаме колку е важен блогот. Случајот на Инџи Пену и Kerals.com ја вознемирија блогосферата. Од она што изгледа како насилство и закани, Kerals.com, веб сајт кој таргетира луѓе од Керала и...

Мексико: Жалби од граѓаните за отуѓување на земјиштето во Копала

Од Копала [en], град јужно од Акапулко во провинцијата Гуереро во Мексико, ни доаѓа следново видео со кое со обвинува за наводно отуѓување на земја која им припаѓа на Изабел Писа и Фабиола Абарка од страна на градоначалникот на општината, Гонзало Галардо Гарсиа, член на Зелената еколошка партија [es]. Планот...

Кина: Олимписките панди сега во Пекинг

Блогерот ИстИсРед66 од Sina.com, кој по се изгледа е вработен во природниот резерват Волонг во Венчуан, Сечуан, најтешко погодената област од земјотрес кој се случи минатиот месец, од неодамна започна блог и на него објавува фотографии од осумте олимписки панди, кои некогаш живееле таму. Овие осум панди сега се жители...

Јапонија: Блогерите за нападот со нож во Акихабара

Напад со нож во областа Акихабара во Токио, според извештаите на новинските агенции, беше извршен од страна на 25 годишниот осомничен, Томохиро Като, во кој животите ги загубија најмалку седум лица, а уште повеќе се повредени. По се изгледа осомничениот удрил со два тона изнајмен камион во пешаци на раскрсница...

Египет: Доктори снимија видео за време на прекин на струја во болница

Сега, многу почесто болниците се третираат како големи бизниси со клиенти, наместо како здравствени установи со пациенти. Докторите кои сакаат да ја почитуваат нивната Хипократова заклетва мора да се надеваат дека нивното раководство го има истиот идеал за грижење за доброто на пациентот како највисок приоритет. Ова беше случај минатата...

Никарагва: Твитник и проширување на блогосферата

Возбудувањето за Твитер пристигна и во Никарагва и токму поради тоа се појави сајт наречен Твитник [es]. Веб сајтот ги следи сите фидови на Твитер од корисниците кои живеат во Никарагва. Заедницата беше идеја на @jorgecerda и @ajulloa. Твитер корисникот @penalba им помага, но повеќе на „психолошко“ ниво, а @gandulo...

Самит на ГВ 2008 – најава за намалена котизација

Заедно со нашите партнери од Унгарија работиме на намалување на трошоците за регистрирање на Самитот на граѓански медиуми на Глобал војсис 2008, до цена која би била достапна на поширок број на луѓе. Со задоволство ви најавуваме дека тоа ни успеа – трошоците за регистрација за самитот се намалени од...

Простор на Елена Игнатова

Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад