Написи од март, 2008
Тринидад и Тобаго: Лаптоп инцидент
Неодамна, лидерот на опозицијата на Тринидад и Тобаго беше суспендиран од парламентот поради користење лаптоп без дозвола. За овој настан пишуваа само неколку блогери. Компјутерското општество на Тринидад и Тобаго...
Македонија, Грција: Повеќе за спорот со името
Повеќе за спорот со името помеѓу Македонија и Грција на блогот Надворешна политика и По течението на Дунав.
Кина: Видео блогер помогна дете работник да се врати во училиште
Ху Алун, средновечен видео блогер алудирајќи на фразата „вистината е моќ“, издаде серија вознемирувачки видеа на Ku6.com, популарен веб сајт во Кина за споделување на видеа. Преку постојано опфаќање во...
Парагвај: Кандидатите користат блогови за да ги придобијат гласачите
Претседателските избори во Парагвај ќе се одржат на 20 април, 2008 г. Многумина од претседателските кандидати ги користат блоговите како начин за комуникација со потенцијалните гласачи додека ги пренесуваат своите размислувања за одредена тема или додека ја претставуваат програмата што ќе ја спроведуваат доколку бидат избрани. Овие блогови се пишуваат и објавуваат во еден од најтиражните весници на Парагвај - Дијарио АБЦ.
Колумбија: Натпревар создава мултимедијални граѓани новинари
Натпревар во Колумбија отворен за секој, без разлика на националноста, кој се состои од креирање, пишување и прикажување на содржина со која се запознава светот со особено важни места во Колумбија. Блогерите и видео блогерите веќе поставуваат содржини, а во овој текст се опфатени натписи за регионите Чоко и Антиоквиа
Македонија: Владата не се распаѓа
Даглас Муир од Фистфул оф Jурос известува дека владата на Македонија не се распаѓа. Исто така, тој чувствува дека „проблемот со името Македонија е толку глупав што речиси е физички...
Алжир: Косово и исламската дијаспора
Алжирецот Ноури Лухемија пишува за Косово и исламската дијаспора.
Аргентина: Веб претприемачи во „Долината Палермо“
Твитер беше една од најозборуваните алатки во 2007 и со негово користење се создаваа заедници околу кратките пораки или микроблогирањето. Многумина брзо ја увидоа неговата корисност или неговиот “модерен” статус. И покрај сево ова, Твитер и понатаму се користи од се повеќе корисници и со илјадници пораки на ден. Во една таква заедница, се родила идејата за креирање на мрежа од аргентински веб претприемачи. Сантиаго Сири коментира дека би било интересно да се соберат сите заедно, бидејќи многу веб 2.0 иницијативи во Аргентина најчесто се случуваат надвор од Палермо, еден од најтрадиционалните квартови на Буенос Аирес.
Јордан: Затвор за пет јордански новинари
Пет јордански новинари беа осудени на три месеци затвор, во два посебни случаи, поради кршење на законот во нивната земја. Јорданските блогери се изјаснуваат против овој последен напад на слободата на изразувањето.
Шри Ланка: Сеќавања на Артур Кларк
Смртта на Артур Кларк (1917 – 2008) поттикна многу луѓе, од ентузијастички љубители на научна фантастика, до оние кои знаеле за него, да блогираат свои впечатоци. Од краток поглед, до...