Филипини: „Среќен Божиќ“ тренд тема на Твитер

Сè уште е почеток на септември (забелешка: текстот е оригинално објавен на 2 септември), а веќе „Среќен Божиќ“ и други коментари поврзани со божиќните празници станаа тренд тема на Твитер денес. Многумина низ светот се прашуваат за раните божиќни честитки на Твитер:

jracineui: Претседателот само што најави крај на воените операции во Ирак, а сè уште Џесика Алба и „Среќен Божик“ се тренд теми ..
Brian_GriffinFG: Твитер: Единственото место каде што луѓето го слават Божиќ во август. Среќен Божиќ на сите.
Lord_Voldemort7: #некадевосветот(#somewhereintheworld) збунети луѓе си честитаат Среќен Божиќ. Ќе биде подарок, ако дури им дозволам да живеат до Божиќ.
BiebersBusiness: Знаете светот полудува кога Божиќ и Сиднеј Далтон се тренд теми на Твитер.

Твитер корисниците од Филипините објаснуваат за најдолгата Божиќна сезона на Филипините:

markdariel: 115 дена до Божиќ овде на Филипините.:)) Среќен Божиќ на сите. Почуствувајте го ладниот ветер во овие месеци кои завршуваат на “ber” !:))
BlauEarth: Среќен Божиќ☺ септември на стакло (na pala). На Филипините, е почеток на Божиќната сезона. Можам да се обложам дека Ескуета (Escueta) веќе почнала да ја пее Jingle Bells
briankingkong: Светот е вџашен со тоа дека Среќен Божиќ е тренд тема. Она што треба да го знаат е дека во септември започнува Божиќ на Филипините.:))
aaselma: Претпоставувам дека филипинските граѓани се зад таа (број еден) топ тема „Среќен Божиќ“, бидејќи на Филипините, Божиќ започнува во септември.:)

Авторот Тонио Круз (Tonyo Cruz) подетално го објаснува ова:

Да, луѓе, најдолгиот Божик официјално започна денес, на 1 септември, на Филипините и ние филипинските граѓани очекуваме радио станиците да почнат да пуштаат божиќни песни, а центрите да се украсат со божиќни украси. Ние Филиписките граѓани како и Твитер корисниците од нашата земја ќе бидеме неодговорни доколку не би ширеле Божиќни честитки на Твитер започнувајќи од денес.

Зошто извонредно долг Божиќ? Ништо посебно или некоја причина, освен тоа што ние го изедначуваме Божиќ со доаѓањето на месеци кои почнуваат и завршуваат на “ber”, а се користат за да го навестат студено време (бррр. ..)

Ќе има кратка пауза до нашето славење на Божиќ, тогаш кога нацијата го одбележува Ундас (Undas), на 1 ноември. Но се очекува Божиќните свечености да продолжат следниот ден.

Божиќ на Филипините започнува на 16 декември кога Католиците започнуваат „новена“ на специјални широки маси (Миса де Гало (Misa de Gallo)) секој ден во 3 наутро. На Бадник околу полноќ се одржува и Миса де Агуиналдо (Misa de Aguinaldo).

Со долга „подготовка“, не е ни чудо што Божиќ е најочекуваниот, најрадосен ден во оваа земја на празници. Ниту еден државен празник не може да го замени Божиќ во срцата и умовите на Филипинските граѓани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.