- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Kампањата #ISurvivedEbola (#ЈасПреживеавЕбола) со своето прво видео

Категории: Супсахарска Африка, Либерија, Граѓански медиуми, Здравје, Образование

Кампањата #ISurvivedEbola [1](ЈасПреживеавEбола) го пушти своето прво видео [2] во кои се прикажани луѓе кои преживеале Ебола од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја. Мултимедијалната кампања ги ангажира преживеаните од ебола да ги споделат нивните приказни на надеж и издржливост:

Ова е првото од серијата видеа кои ќе се објавуваат како дел од #ЈасПреживеавЕбола, мултидимензионална транс-медиумска кампања која ги става западно-африканските преживеаните од ебола и нивните приказни во центарот на напорите за спречување на ширењето на вирусот. Преживеаниот од ебола, Вилијам Поопеи дава нарација на видеото, раскажувајќи ја приказната за тоа како тој и неговиот син, Патрик, се заразиле и успешно закрепнале од ебола во Либерија. Со глас во кој само од време на време може да се забележи тагата која ја искусил, Вилијам раскажува на светот како тој ја изгубил неговата жена и 13 други членови на семејството (под сомневање) од ебола, и како раниот третман му помогнал на него и на неговиот син да закрепнат. Тој го завршува видеото со посветување на едукација на неговите сограѓани Либеријци за тоа како тие можат да се заштитат – посветеност која ќе ја води #ЈасПреживеавЕбола.

Надеж во средина на епидемијата: Приказната на преживување на Вилијам [2] од #ISurvivedEbola [1] на Вимео [3].