Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Позициографија: „Знам што направи минатиот мандат“

Gráfico extraído del blog Infoactivismo Digital, utilizado con autorización

График превземен од блогот Инфоактивизмо, искористен со дозвола

Во 2001, за време на економската и политичката криза во Аргентина, луѓето извикуваа на улиците „По ѓаволите со сите (владини лица!)“. Повеќе од декада по овие настани, оваа популарна парола е трансформирана во дигитална алатка која им овозможува на гласачите да се информираат за политичката позадина на кандидатите. На Инфоактивизмо има и дел за проектот Cargografías (грубо преведено Позициографија)

El objetivo es brindar información a la ciudadanía para la toma de decisiones durante periodos electorales y ser un recurso de utilidad para periodistas e investigadores, quienes a partir de la herramienta podrán construir sus propias historias y apoyar sus proyectos de investigación.

Целта е да се даде информација на гласачкото тело за донесување одлуки за време на изборниот период, и да биде корисен ресурс за новинари и истражувачи, од алатката да можат да направат нивни стории и да ги поддржат нивните истражувачки проекти.

Алатката овозможува да се анализира политичката кариера на државните службеници во изминативе 30 години и да се информираме за ситуации кои можеби и не можат да се пронајдат со вообичаено пребарување на интернетот.

Основачот на проектот Андре Сниткофски објаснува дека неговата намера била да покаже дека многу службеници, кои биле на мандат во 2001, се уште се таму без оглед на барањата на народот. Иако информацијата веќе беше достапна, се досега не се појави во ниеден систем. Па, Cargografías започна со Google Doc (Гугл докс) и група пријатели кои ги полнеа системите со информации како што тие стануваа достапни. Датабазата е сега достапна на Попит.

Можете да ги следите @Info_Activismo и @Cargografías на Твитер.

Овој пост е дел од дваесет и деветтиот #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на ГВ) на 17ти ноември, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.