Денес не е доволно да се зборува само за интернетот. Овој концепт се рашири и претставува добар предизвик за оние кои сакаат да станат електрични инженери. Цезар Вилориа Њуњез, професор на Universidad del Norte во Баранкуила, Колумбија, објаснува што претставува интернетот на нештата:
Consiste en que las cosas en general estén conectadas y que no solo las personas ingresemos información a la red, sino que las cosas mismas generen información, la compartan entre ellas y tomen decisiones con el fin de automatizar distintos procesos.
Се работи за генералната поврзаност на нештата и не само луѓето да придонесуваат со податоци на веб, туку и нештата сами по себе да генерираат податоци, кои тие ќе ги споделуваат и прават одлуки кои имаат за цел автоматизирање на разни процеси.
Иако инженерот Вилориа Њуњез се обидува да го објасни концептот со пример на „паметен замрзнувач“, исто така споменува и „паметни“ посеви. Тој се прашува:
¿Qué tal una red de sensores en el terreno cultivado que identifique qué tan húmedo o seco está el suelo para activar automáticamente el sistema de riego? Tal vez dependiendo de qué tan maduro esté el producto cultivado se requiera más o menos agua, o más o menos fertilizantes, o los sensores pueden identificar si el cultivo está siendo atacado por alguna plaga para activar el suministro automático de insecticida.
А што ќе кажете за мрежа од сензори на култивирано земјиште кои идентификуваат колку е сува или наводнета почвата и автоматски го активираат системот за наводнување? Можеби потпирајќи се на тоа колку се зрели култивираните продукти, ќе им треба помалку или повеќе вода, повеќе или помалку ѓубриво, или сензорите би можеле да идентификуваат доколку посевот е нападнат од некоја болест за да активираат автоматска залиха од инсектициди.
Добредојдовте на интернетот на нештата.
Доколку ве интересира наука, не заборавајте да го следите Цезар Вилориа Њуњез на неговите профили на Линкдин или Твитер.