- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Поетски проект ги премостува јазичните и културните бариери помеѓу арапскиот и еврејскиот народ во Израел

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Палестина, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Добри вести, Идеи, Книжевност, Уметност и култура
The Two Project promotes Arabic and Hebrew arts and culture through the language of poetry.

Проектот Два промовира арапска и еврејска уметност и култура преку јазикот на поезијата.

Пуштен е проектот Два, колаборација помеѓу израелски Евреи и Арапи да ги поврзат нивните култури низ јазикот на поезијата. Двата, еврејскиот и арапскиот се официјални јазици во Израел. Работен во изминативе шест години, проектот е изданок од неодамна објавената книга, Два: Билингвална Антологија [1] (линкот е на еврејски).

На нивниот веб-сајт, создавачите на проектот Два Алмог Бехар, Тамер Масалха, и Тамар Веис пишуваат [евр [2]/ар [3]]:

Сајтот е дел од проектот Два: билингвален културолошки проект фокусиран на литературата и поезијата на младите. Неговата цел е да создаде конвергенција на дијалогот помеѓу двете различни култури на Израел, на арапски и на еврејски. [Проектот претставува] нова генерација на писатели и читатели, кои поради јазичните бариери, културата, политиката, и физичките ограничувања не се запознаени со тоа што се случува на модерната литературна сцена кај нивните соседи.

Анат Нив, главен уредник на Кетер Издаваштво, која е одговорна за антологијата, забележува [4]:

Самиот факт што држите книга и ја читате на еврејски, со текст на арапско писмо на корицата, и обратно, е многу моќно икуство. Дури и да не читате арапски, кога ја читате оваа книга не можете да останете незапознаени со фактот дека ова е место каде луѓето живеат и создаваат на два јазика.

Следете го проектот на нивната веб страница [5] или на Фејсбук [6] на еврејски и арапски. Два нови автори, израелски Арап и израелски Евреин, ќе бидат објавувани секој месец.