Поетски проект ги премостува јазичните и културните бариери помеѓу арапскиот и еврејскиот народ во Израел

The Two Project promotes Arabic and Hebrew arts and culture through the language of poetry.

Проектот Два промовира арапска и еврејска уметност и култура преку јазикот на поезијата.

Пуштен е проектот Два, колаборација помеѓу израелски Евреи и Арапи да ги поврзат нивните култури низ јазикот на поезијата. Двата, еврејскиот и арапскиот се официјални јазици во Израел. Работен во изминативе шест години, проектот е изданок од неодамна објавената книга, Два: Билингвална Антологија (линкот е на еврејски).

На нивниот веб-сајт, создавачите на проектот Два Алмог Бехар, Тамер Масалха, и Тамар Веис пишуваат [евр/ар]:

Сајтот е дел од проектот Два: билингвален културолошки проект фокусиран на литературата и поезијата на младите. Неговата цел е да создаде конвергенција на дијалогот помеѓу двете различни култури на Израел, на арапски и на еврејски. [Проектот претставува] нова генерација на писатели и читатели, кои поради јазичните бариери, културата, политиката, и физичките ограничувања не се запознаени со тоа што се случува на модерната литературна сцена кај нивните соседи.

Анат Нив, главен уредник на Кетер Издаваштво, која е одговорна за антологијата, забележува:

Самиот факт што држите книга и ја читате на еврејски, со текст на арапско писмо на корицата, и обратно, е многу моќно икуство. Дури и да не читате арапски, кога ја читате оваа книга не можете да останете незапознаени со фактот дека ова е место каде луѓето живеат и создаваат на два јазика.

Следете го проектот на нивната веб страница или на Фејсбук на еврејски и арапски. Два нови автори, израелски Арап и израелски Евреин, ќе бидат објавувани секој месец.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.