Иран: Сите ние сме компјутерски криминалци

Smashed computer screen

а мислеше дека ти имаш проблеми со компјутерот, од Аманда Тетраулт на Фликр (Криејтив комонс Наведи извор)

Иранската влада располага со закон со кој може да го означи речиси секој Интернет корисник како криминалец.

„Законот за компјутерски криминал“ (еден закон со 56 члена) беше одобрен од иранскиот парламент во јануари 2009 година. Беше од помош во судењето и совладувањето на повеќе кибер-активисти и блогери, но неговите членови никогаш не добија внимание или надзор од јавноста.

Па ајде да погледнеме некои збунувачки, надреални и сеопфатни аспекти од законот во врска со користењето на интернетот и онлајн содржината.

Овие се главните категории на криминална содржина во законот за компјутерски криминал, како што се прикажани на блогот на јавниот револуционерен обвинител (проверено од два извора):

А – Неморална содржина
Б – Анти-исламска содржина
В – Против-безбедност и пореметување на јавниот мир
Г – Криминална содржина во врска со интелектуална сопственост и аудио и видео изданија
Д – Содржина што охрабрува,поканува или провоцира други да извршат кривични дела
Ѓ – Содржина против државните и јавни институции и нивните одговорности
Е – Содржина која се користи да се олеснат друг компјутерски криминал

Без смисла за хумор

Изгледа разумно во рамките на Исламската Република да се забранат објавувањето и дистрибуцијата на анти-исламска содржина, но дефинициите за криминална содржина се дури од поголем размер. Навредувањето и исмевањето на државата, јавните институции и властите исто така претставува криминал.

Со други зборови, можеш да бидеш обвинет за вршење компјутерски криминал ако ги навредуваш лидерите на Иран, пророците и религијата или дури ако се шегуваш во врска со јавниот транспорт или државната струја. Така е. Пореметување на јавното мислење во врска со државните организации и власти е исто така нелегално.

Не троши, не ставај линкови

Содржината која охрабрува, поканува или провоцира други да вршат кривични дела е нелегална, но исто така е и ставањето линкови за ова (по можност прочистена) содржина, која самата може да се смета лоша исто како промовирањето насилство, дрога или шверц или што било друго. Законодавците на Исламската Република исто така сметаат дека содржината што охрабрува „арчење“ (како попусто трошење) е противзаконска. Со други зборови, секој кој го користи Интернетот за комерцијални или рекламни намени може да биде испрашуван. Зборот „арчење“ не е јасно дефиниран и остава простор за сомнеж.

Импресивни кривични дела

Исто така незаконски се објавувањето на секаква пропаганда или членови кои говорат против Исламската Република, противречат на уставот на Иран или ги кршат принципите на Исламската Република. Многу набљудувачи беа изненадени кога Фејсбук и неколку други веб-сајтови беа обвинети од иранското правосудство за учество во завера против режимот за време на судењата на демонстрантите од демонстрациите по изборите во јуни 2009 година. Штом еднаш ваква содржина ќе се најде под дефиниција на кривичниот закон, дури обична општествена медиумска активност во Иран може да се смета како потенцијален криминал.

Недостатокот на јасност не е само ограничен на содржината, но исто така на користењето на Интернетот поопшто. Според еден член од законот, никој нема право да користи „меѓународен широк појас базиран на интернет протокол “ без дозвола за комуникација. Персиските зборови [پهنای باند بین المللی] Јас ги преведувам како „меѓународен широк појас“ но не е најјасно што тие значат. Двајца ирански кибер-активисти,Амин Сабети и Араш Камангир, и обајцата сметаат дека ова ограничување е збунувачко, а ми одговорија по имејл дека ова веројатно се однесува на интернет пристапот преку сателит кој е забранет во Иран. Но исто така може да биде показател за користењето на комуникациски софтвер како Скајп.

Повеќе од зборови

Овој закон не е само мастило на хартија. Веќе повеќе пати се користел во неодамнешните години за да се приковат блогерите и кибер-активистите. Иранскиот блогер Омид Реза Мир Сајафи беше затворен поради навредување на религиозни лидери и умре во затвор во 2009 година .Пред само два месеца, блогерот Хосеин Деракшан беше осуден на 19 години затвор поради соработка со непријателски земји, ширење пропаганда и навредување религиозни личности.

На крајот, иранските правосудници не наведоа да се запрашаме што е поопасно за иранските граѓани – беззаконието или самите закони?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.