- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: НАТО и проблемот со името

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Грција, Македонија, Етничка припадност и раса, Закон, Историја, Меѓународни односи, Политика

На почетокот на овој месец Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Хелсинки го изјави следново: „ Македонија ги исполни критериумите, но ќе се приклучи кон НАТО кога тоа ќе биде можно на достоинствен начин.“ Кажи: Македонија коментира [1]: „Оваа изјава го рефлектира јавното мислење во Македонија и илустрира колку е важно за нас Македонците да бидеме признаени под единственото прифатливо име за нас: Македонија и етничка група: Македонци.“