- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Египет: Кога Швајцарија почна да го следи примерот на Саудиска Арабија?

Категории: Западна Европа, Среден Исток и Западна Африка, Египет, Катар, Либија, Саудиска Арабија, Швајцарија, Владеење, Меѓународни односи, Религија, Слобода на говор, Човекови права

Во саботата, на 29ти ноември 57,5 % од гласачите во Швајцарија гласаа за забрана [1] на изградба на нови минариња врз џамиите, отворајќи го патот за уставен амандман. Референдумот ќе влијае на изградбата на нови минариња (не џамии), но нема да влијае на четирите постоечки минариња во Швајцарија. Џилиан Јорк [2] ги пренесе првичните реакции [2] на арапската и муслиманска блогосфера. Забраната сè уште создава тензија помеѓу поддржувачите и опонентите.
Мона Елтахауи постави едно прашање [3] за Швајцарија и за другите европски земји обземени од десницата:

Кога почнавте да го следите примерот на Саудиска Арабија?
Дури и пред да гласаат оние 57,5 проценти од Швајцарците во неделата за забрана на градење на минариња од страна на муслиманите, очигледно беше дека швајцарската слика на земја на толеранција е полна со дупки како и нејзиното сирење. Кога десничарската Швајцарска народна партија (СВП) дојде на власт во 2007, користеше постер кој претставуваше слика на една бела овца како ја удира една црна овца истерувајќи ја од знамето на земјата. Ова не се однесуваше на црните овци како бунтовници – десничарите не удираат четки никому – туку на бојата на кожата на странците.
Постерите што СВП што ги изложија пред неделниот референдум покажуваа жени облечени во црно од глава до пети, како стојат пред фалусни минариња. Таквиот расизам и претходеше и ја потхрануваше нетрпеливоста, а тоа го подгреа референдумот.

Сè уште разлутена од актот на политизирање на минарињата, Елтахауи вели:

Минарињата служат за повик за молитва, а не за да регрутира луѓе во исламските политички групи. Ако СВП смета дека повиците за молитви се премногу гласни, би сакала да видам како ќе се справат за стишување на црковните ѕвона.

Мохали посакува: [4]

Швајцарците ќе му покажеа на светот колку се без предрасуди и колку се кохерентни, а наместо да гласаа против градењето на минарињата, можеа едноставно да гласаат за ставање на најпознатиот швајцарски производ „часовникот“ закачен на секое ново минаре (погледнете ја сликата [5]). Тоа би била една прекрасна архитектура држејќи еден практичен инструмент што може да биде од корист за сите без да се смета дека е „муслимански проектил“!

Науара Негм покажа со прст кон нетрпеливоста: [6]

المنافقين في الدرك الاسفل من النار ما يجيش واحد يعمل عبيط على حرق تلات بيوت في سنة ونص على ناس بتصلي ولما يسمع عن منع المآذن في سويسرا يلطم ويصوت

Лицемерот ќе биде осудени на најниските нивоа во пеколот! Тоа е човек кој беше глув за три куќи кои беа изгорени поради тоа што христијаните се молеле во нив, а сега крева лажна врева за швајцарското забранување на минариња!

Науара ги потсетува оние кои повикуваат на толеранција сега за нивната нетолеранција порано:

انا عايزة اسمع رأي الناس اللي بتقول ان المسيحيين في مصر “مستفزين” وسهنات ومية من تحت تبن ونفسهم يرجعوا مصر مسيحية وبناء على كده فمنعهم من بناء كنائس وحرقهم ده “رد فعل” طبيعي لاستفزازاتهم المستمرة! …. انا عايزة اعرف رأي اللي بيبرر منع دور عباداتهم وحرق بيوتهم فعلا بقى في منع المآذن، مجرد المآذن، لا هدوا جامع ولا منعوا بناء جامع، بس منظر المئذنة مضايقهم، يا ترى إيه رأيهم دلوقت؟

Би сакал да ги слушнам оние кои сметаат дека египетските христијани се провокативни, лукави и конспиративни. Дека се во заговор да го претворат Египет во христијанска земја и дека токму затоа прифатливо е да се палат нивните куќи и да се спречат изградбите на црквите. Навистина сакам да слушнам што тие луѓе ќе кажат за забраната на минарињата – зборувам само за минарињата! Не за џамиите!

Во нејзиниот пост [3], Мона Елтахауи ја чепка и оваа тема:

Гранд Мафти во Египет, на пример, ја окарактеризира забраната како „напад врз слободата на верување.“ Би го сфатила посериозно доколку слично ја окарактеризира тешкотијата на египетските христијани кога се соочуваат со градењето на цркви во неговата земја. Тие мора да имаат сигурносна дозвола само за реновирање.
Минатата година, во Катар беше отворена првата католичка црква – без крст, без ѕвона и без камбанарија – оставајќи ја Саудиска Арабија единствената земја во Персискиот Залив која спречува градење на религиски храмови за немуслиманските луѓе. Во Саудиска Арабија, тешко е дури за муслиманите кои се држат до ултра-ортодоксната Вахаби секта, Шиитите, на пример, постојано се соочуваат со дискриминација.
Нетрпеливоста треба да се осудува каде и да се појави.

Муслиманите против Шариа сметаа дека изјавата на Гадафи, Претседателот на Либија, [7] е смешна, тој рекол дека „Со забраната на минарињата во Швајцарија се привлекуваат нападите на Ал-Каеда.“

Тука лежи претпоставката дека сите дејствија на тероризмот на џихадот мора да се одговор на еден вид на провокација (вистинска или имагинативна) од немуслиманите: на крај, бранителите постојано ни велат дека „одбранбениот“ џихад е сосема во ред, било да се работи за калиф или не.

Фрагл-хаиред диктаторот духовито дофрла „Сметам дека никој од муслиманскиот свет од сега, па натаму, нема да дозволи изградба на црква.“
Ова е иронично, се разбира, зашто 1) не дека муслиманскиот свет, сè досега, ги пречекуваше црквите или слободата на богопочитување со отворени врати, и 2) рестрикциите за градење на немуслимански религиозни храмови се заштитени со Пактот на Умар, што дозволи голем преседан за угнетувачките немуслимани на многу начини. Затоа, забраната на минариња не го рестриктира богопочитувањето ниту, пак изградбата на џамии.

Додека Шокеир ги следи знаците на западните земји кои им е преку глава од симболите на Исламот [8]

الغرب بدأ يضيق بالإسلام ومايرمز له ، فتلك دولة ترفض النقاب وأخرى ترفض الحجاب في هيئات بعينها ، وتلك تدافع عن صور مسيئة ، وتلك ترحب بأفلام تسيئ للقرآن ، وأخيرا أخرى تضيق برؤية المآذن بعدما منعت من قبل رفع صوت الآذان

На западот му доаѓа преку глава од Исламот и неговите симболи, постои земја која го забранува Никабот, а постои друга која го забранува Хиџабот. Првата ги брани навредливите слики, втората им посакува добредојде на филмовите кои го злоупотребуваат Куранот. А сега: по замолчувањето на повиците за молитва, тие ги забранија и минарињата.

Асан Ел Хела, од друга страна, му олесна нагласувајќи еден од коментарите на неговиот пост: [9]

مبروك لسويسرا، و”هارد لك” للجماعات، إياها، التي تتعيش وتتكسب من تجارة الدين من المنظومة البدوية، وتتباكى على الحريات المسفوحة في ربوع أوروبا، وكأن البلاد التي فروا منها “تشرشر” الحريات منها “شرشرة”، وعلى “أبو موزة”. وإذا كانت أوروبا مستبدة ولا تحترم الأديان فلم لا يطلبوا اللجوء السياسي والإنساني في إمارة المحاكم الإسلامية في الصومال، وهناك سيتعرفون جيداً على معنى الحرية على أكمل وجه.

Честитки за Швајцарија! Тешко на „оние“ кои живеат и напредуваат на комерцијализирање на религија која потекнува од нивната племенска организација. Оние кои се жалат на прекршената слобода на муслиманите кои живеат во Европа како во нивната татковина – земјата од која тие избегале – всушност, тие се најмногу опкружени со толеранција. Во ред! доколку Европа е виновникот за нетрпеливоста, зошто тие не побарале политички азил или права за имигрантите во некоја Исламска колонија во Сомалија? – бидејќи овде тие ќе го научеа вистинското значење на слободата.