- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Австралијанката Мишел Пејн стана првата жена џокеј која го освоила Мелбурн купот

Категории: Океанија, Австралија, Граѓански медиуми, Жени и род, Најважни вести, Спорт
Michelle Payne Wins 2015 Melbourne Cup

Мишел Пејн го освојува Мелбурн купот во 2015 (скриншот на авторот).

Мишел Пејн пишува историја како првата жена џокеј која го освојувањето престижниот Мелбурн куп [1]. Нејзиниот коњ, Принцот од Пензанце [2], бил аутсајдер со однос 100 на 1.

Каде беше ти кога жена за првпат го освои Мелбурн купот? Добро сторено Мишел Пејн. Ова е историско #MelbCup [3]

— Бен Фридландер (@BennyB11) 3 ноември, 2015 [4]

Мелбурн купот е најголемата трка во Австралија, вредна повеќе од 6 милиони австралиски долари (или 4.5 американски долари). Според локалнот жаргон, ова е „трката која ја запира државата“. Таа дури е и јавен празник во самиот Мелбурн.

Твитер корисникот од Австралија Red Under the Beds беше прерадуван:

ЧЕСТИТКИ ДО МИШЕЛ ПЕЈН!!!! Првата жена која го освоила Мелбурн купот!! #MelbourneCup [5] #Australia [6]

— Reds Under the Beds (@Nettythe1st) 3 ноември, 2015 [7]

Веднаш по трката, Пејн брзо увиде дека оваа нејзина победа е триумф врз шовинизмот, велејќи, „Но, јас дадов се од себе. Сакам да им кажам на сите други „get stuffed“ (одете по ѓаволите?), тие мислат дека жените не се доволни силни, но ние само што го победивме светот.” Нејзините зборови беа забележани во целиот свет.

#socialmedia [8] #tech [9] Женски џокеј го освојува Мелбурн купот, им порачува на шовинистите да ‘одат по… https://t.co/61qKvrfpvM [10] di @mashable [11]

— Фабио Инкалкатера (@fincalcaterra) 3 ноември, 2015 [12]

Во рок од неколку минути, твитер следбениците на Пејн скокнаа од 2,000 до преку 12,000. Меѓу нив беше и Викторискиот министер за здравство Џил Хенеси, која твитна:

Мислам дека не можеме да чувствуваме повеќе радост и гордост за тебе и твоите следбеници од оваа сега. @mj_payne [13] #getstuffed [14] #MelbourneCup [5]

— Џил Хенеси пратеник (@JillHennessyMP) 3 ноември, 2015 [15]

Ова исто така беше и многу личен, семеен момент за Пејн. Нејзиниот брат Стиви, кој има Даунов синдром, е „strapper“ на коњот (личност која ги негува и се грижи за тркачките коњи). Пред самата трка, таа прикачи слика на Инстаграм од нејзиниот брат кај портите за коњите:

Порта 1 #gostevie [16] #thedreamisalive [17] 👌🏆 POP https://t.co/dTJAXOU8sg [18]

— Мишел Пејн (@mj_payne) 31 октомври, 2015 [19]

Баз Фид објавија фотографија од дуото со трофејот во нивните раце:

Мишел Пејн @mj_payne [13] и нејзиниот брат Стиви ја освоија најголемата трка во Австралија: https://t.co/ieFG0Frr5m [20] pic.twitter.com/ht7JbXNnuR [21]

— Алекс Ли (@alex_c_lee) 3 ноември, 2015 [22]

Победата ги засени проблемите со правата на животните како што се употребата на камшикот и животно-загрозувачката повреда на коњот кој три пати освојува второ место Red Cadeaux (Црвениот Дар), за кој последно беше изјавено дека е „жив и здрав [23]“ откако помина операција на ногата. Некои дури ги бараа и позитивните страни:

Покрај разните мислења за трките со коњи како ‘спорт’, јас сум навистина среќна за Мишел Пејн и нејзиното семејство. Исто така, таа не го камшикуваше коњот непотребно.

— Џулс Црвената (@RedJules4) 3 ноември, 2015 [24]

Зои Нортон Лоџ се чини дека ги сумираше чувствата на оние кои се во конфликт:

Ова е многу збунувачко време за феминистките кои мразат суровост кон животни #MelbourneCup [5]

— Зои Нортон Лоџ (@zoenl) 3 ноември, 2015 [25]

Некои отидоа понатаму:

Дали коњите навистина мора да умираат само за да имате изговор да се испијаните и да ставите капа? Ова е срамота. #MelbourneCup [5] #RedCadeaux [26]

— Блејк Ериксон (@Blake_Erickson) 3 ноември, 2015 [27]

Последниот твит на Пејн пред трката беше честитка кон рекордерот-коментатор Грег Мајлс. Таа искористи хаштаг кој за неа се чинел соодветен:

Одлична сторија на @Racing [28] на Грег Мајлс! Каков џентлмен и колку добар коментатор на трки! #sohumble [29]

— Мишел Пејн (@mj_payne) 2 ноември, 2015 [30]

Достигнувањето на Пејн ни доаѓа две години по она на Гаи Ватерхаус [31], која беше првата жена тренер на победник на Мелбурн купот во 2013.