- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Пет факти за мексиканскиот Día de Los Muertos (Ден на мртвите)

Категории: Латинска Америка, Мексико, САД, Граѓански медиуми, Етничка припадност и раса, Миграција и имиграција, Уметност и култура
Altar made by a student at City College of San Francisco. Photo by Lupitanews.

Олтар направен од студент на Сити Колеџот од Сан Франциско. Фотографија на Лупита Пеимберт.

Низ САД луѓето го одбележуваат 2 ноември како Ден на мртвите (Día de los Muertos), мексиканска прослава во чест на луѓето кои починале и која прави да размислуваме за смртта на поинаков начин.

Исклучителната естетика на оваа традиција — декорирани черепи, цвеќиња, комплицирани олтари — ги заведоа Американците, станувајќи еден од најпопуларните костими за време на Ноќ на вештерките. Поп културата исто така го поддржува овој празник со филмови како „Книгата за животот [1]” од мексиканскиот режисер Гилермо Дел Торо и филмот во најава „Коко [2]” од студиото Пиксар.

Разни компании заинтересирани за големиот латиноамерикански пазар во САД ја додаваат прославата на 2 ноември во нивните маркетинг кампањи и односи со јавноста. На пример, ланецот супермаркети Trader Joe декорираат некои од нивните продавници со calaveritas (декорирани черепи) и продава zempazuchitl цвеќиња (невен), помеѓу другите артикли.

вино за денот на мртвите! @ Trader Joe http://t.co/IhnhnARS [3]

— Енди Милс (@AndieMills) 28 септември, 2012 [4]

Дудл-от на Гугл на овој ден беше направен од papel picado, декорација типична за мексикански прослави.

Гугл го прославува Денот на мртвите со баш мексикански дудл

За бизнис, заедништво, општа култура, или лични намери, еве пет факти за оваа мексиканска прослава.

1. Денот на мртвите е на 2 ноември.

Не претходниот или следниот.

2. Ова е многу важна традиција во Мексико.

Израснавме носејќи цвекиња, храна и пијалоци на гробиштата во чест на нашите починати блиски. Пиењето беше целосно за нив. Навистина.

3. Централна Америка го прославува исто така, повеќе или помалку.

Но, само неколку држави од Јужна Америка го прославуваат.

4. Прославата во Сан Франциско е уникатна.

Областа Мишн (Mission) во Сан Франциско (дом на најголемата мексиканска заедница во градот) ја присвои оваа традиција во 1970те, додавајќи, и трансформирајќи ја низ годините во микс на џез поворки со Њу Орлеански стил, со нашминкани маски и костими, и благослововување според Ацтешки ритуали и танцови.

5. Нуди поинаков поглед на смртта.

Со оваа мексиканска-латино прослава, луѓето учат да не се плашат од смртта и од мртвите, туку да се поигруваат со концептот и да се исмеваат на нашата смртност.