- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Уште едни лажни избори со лесно предвидливи резултати во Азербејџан

Категории: Централна Азија и Кавказ, Азербејџан, Граѓански медиуми, Избори, Политика
Mehriban_Aliyeva_in_openning_ceremony_International_World_of_Mugam_Festival

Мерибан Алијева, Првата дама на Азербејџан, не го користи нејзиното столче во парламентот. Фотографија од Википедиа [1].

Со резултат кој не изненади никого, владејачката партија која припаѓа на владејачката фамилија се „прошета“ до конфорно мнозинство во парламентарните избори во Азербејџан на 1 ноември.

Сепак, и покрај тоа што нема ништо ново во огромната изборна победа на Новата азербејџанска партија лојална на претседателот Илхам Алијев, имаше неколку интересни случки кои го одбележаа ова гласање во однос на претходните.

Како прво, полнењето на гласачките кутии не беше притаена случка направена во брзање, обично при крајот на изборниот ден. Веќе утрото, независни набљудувачи забележаа сериозни пропусти:

Измама. ИО 12, на две гласачки места 30 и 23, полнење кутии. [Твит од текот на гласањето].

Групното гласање исто така беше поефикасно и подобро организирано од минатите години. Жени, студенти, и други мешани групи беа одговорни за одење од едно гласачко место до друго и гласање на сите локации:

[Новинарката Улвија Али ги сликаше овие фотографии]: ИО 21. Гласачки места 1 и 2. Донесени луѓе за групно гласање.

Оваа видео снимка подолу покажува уште еден случај на полнење на гласачки кутии во 3 ИО Шуракани. Овојпат, со претседателот на одборот на гласачкото место фатен на дело.

32 saylı Suraxanı üçüncü seçki dairəsində məntəqə sədri qutuya topa bülleten atır #AZvote2015 [5] #monitoring15 [6] pic.twitter.com/1vAbIiZG3E [11]

— ТВ Мејдан (@MeydanTV) 1 ноември, 2015 [12]

Некои азербејџански власти дури и се смееја додека ги мамеа граѓаните, според локалните новинари. Секако факторот на срам виз-а-ви местење на гласови одамна исчезнал.

Тој е заменет со брутална одлучност и самодоверба, отелотворени во тврдењето на новоизбраниот пратеник Афлатун Амашов дека „доколку имало пропусти тие биле незначителни, и тие нема да влијаат на крајниот резултат од изборите.”

Згора на тоа, ова беа први избори кои не беа набљудувани од ниту една меѓународна кредибилна набљудувачка мисија. ОДИХР на ОБСЕ, ОСЦЕПА и Европскиот парламент, сите ги откажаа нивните набљудувачки мисии пред почетокот на изборите.

Единствените меѓународни набљудувачи кои беа присутни беа претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Но, односите помеѓу ова собрание и Азербејџан се фрлени во сенка на ‘кавијар дипломатијата’ [13] и компромитирачки извештаи [14] на претходни набљудувачки мисии.

Оттаму, разочарувачки, ако не и шокантно, беше коа преставник на Парламентарното собрание ја даде следнава изјава:

Претставник на ПССЕ: Гласањето се одвива во согласност со меѓународните стандарди https://t.co/YckcfWyfat [15] #Azerbaijan [16] #AzerTAc [17] — Новинска агенција АзерТаг (@AzerTAc) 1 ноември, 2015 [18]

Покрај повеќе од 1,200 регистрирани кандидати, некои 500 се повлекоа од парламентарната трка оставајќи 767 кандидати да се борат за едно од 125 места во парламентот. Клучните опозициски партии ги повлекоа кандидатите од трката. Опозицискиот блок на Националниот совет целосно ги бојкотираше изборите.

Можеби најбезбедното место во парламентот припадна на сопругата на претседателот Алијев, опседната со гламур, првата дама Мерибан Алијева, која се врати на функцијата освојувајќи 96.7% од гласовите.

Освен тоа дека „враќањето на функција“ не е соодветен израз, Алијева е пратеник уште од 2005, но таа ретко може да се види во законодавниот дом кое е нејзино номинално работно место. Тука не се очекуваат измени.

Според резултатите објавени од Централниот изборен комитет (ЦИК), Нов Азербејџан ја продолжи успешната линија на Стариот Азербејџан, обезбедувајќи 71 место, додека таканаречените независни партии и кандидати — опишани од опозициските партии кои се надвор од парламентот како „лажна опозиција” — ги заземаа остатокот од местата.

Набљудувачката мисија на ЦИК — составена од претставници на други бивши советски држави кои исто така имаат проблеми да спроведат слободни и фер избори — беше задоволна со резултатот, забележувајќи дека гласањето било ‘добро организирано':

Парламентарните избори беа добро организирани во #Азербејџан [16], претседателот на #ЦИК [19] набљудувачката мисија #AzVote [20] #AzVote2015 [21] #AzVote15 [22]‘ — Нигар Искандарова (@NigarIskandar) 1 ноември, 2015 [23]

Тоа е еден начин да се опише процесот. Друг беше смислен од локален корисник на Твитер:

[Претседателот Алијев] Не! Останете дома, ние ќе ги пополниме [гласачките кутии] самите!