Ирански студент држен во притвор без обвиненија, принуден на лажно признание

Amin Anvary's mother has been protesting for her son's release since October. Image from ICHRI.

Мајката на Амин Анвари, Фара Бакши протестира за ослободување на нејзиниот син. Фотографија на ICHRI.

Студентот активист Амин Анвари, 21, кој доби суспендирана затворска казна оваа година за промовирање на основни граѓански слободи на Фејсбук, сега е уапсен и притворен без обвиненија во затворот Евил, дел 2-А, од страна на иранската револуционерна гарда уште од 4 октомври, 2015. Според член на семејството, тој оттогаш е под силни притисоци да прифати лажно признавање на вината.

„Тие ни се закануваат и не малтретираат само за да го зголемат притисокот врз Амин во затворот. Сигурна сум за тоа. Сакаат тој да се согласи да ги признае лагите,” мајката на Амин Анвари, Фара Бакши, кажа за Меѓународната кампања за човекови права во Иран.

Амин Анвари првпат беше уапсен на 30 декември, 2014, поради неговиот напис на Фејсбук за основни граѓански права. Тој беше ослободен истиот ден со кауција од 300 милиони риали (околу 10,000 долари). Во јули 2015, беше на судење во Огранок 26 на исламскиот револуционерен суд со кој заседаваше судијата Ахмаџадех и беше осуден на 2.5 години затвор за „пропаганда против државата,“ „навредување на врховниот водач,“ и „навредување на Мохамед Таги Месбаг Јазди”, кој е член на Експертскиот совет. Но, неговата казна беше суспендирана на пет години.

Г-ѓа Бакши се сеќава дека нејзиниот син Амин бил повторно уапсен на 4 октомври од страна на десет мажи кои се втурнале во нивниот дом без покажување на идентификации или налог и ги конфискувале неговите лични компјутери. Оттогаш, таа имала само три можности да оствари кратки телефонски повици со синот. Таа, нејзиниот сопруг, и нејзиниот помлад син биле малтретирани и предупредувани да не даваат интервјуа за апсењето на Амин.

„Што и да се случи на моите деца, на мене и на мојот сопруг – за тоа ќе бидат одговорни од револуционерната гарда. Тие ни се закануваат повеќе да не протестираме или да даваме интервјуа. Но, јас немам друг избор. Сакате да не давам интервјуа? Побогу, ослободете го син ми и тогаш ќе молчам,” вели г-ѓа Бакши.

Г-ѓа Бакши пренесе на Кампањата како вработен во затворот Евин се обидел да ја притиска за таа да не зборува со медиумите:

Тој ми рече дека ќе ми дозволи да го видам син ми доколку ветам дека нема да давам интервјуа или да протестирам. Реков би се согласила, доколку тој вети дека ќе го пушти на слобода. Тој рече не, и јас реков ‘добро, тогаш јас ќе продолжам да го правам тоа што го правам.’

Мајката на Амин Анвари додава дека таа молчела две недели по апсењето на нејзиниот син. Но, на 19 октомври таа се придружила на протестен собир на семејства на затвореници. „Истиот тој ден Амин се јави дома и зборуваше со неговиот татко и рече дека бил добар и порача ‘Кажи и на мама да не дава интервјуа бидејќи тоа ќе направи проблеми [во случајот]’.”

Г-ѓа Бакши вели дека за време на годишната семејна посета на Турција ова лето тие откриле дека некои од пријателите на Амин биле уапсени. Таа му рекла да не се враќа во Иран доколку тој смета дека би имало проблеми. Но, тој рекол дека тој не направил ништо лошо и дека сака да се врати на неговите студии на факултет, додава г-ѓа Бакши.

„Мојата молба до судските службеници е да не ги апсат младите и да пресудуваат тешки пресуди против нив секојпат кога тие критикуваат. Мојот син сега би требало да е на факултет и да учи.”

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.