- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Хаштагот #РатитеМораДаПаднат во Јужна Африка се замени со #РатитеПаднаа. Но дали навистина се намалија?

Категории: Граѓански медиуми, Младина, Образование, Политика, Протест, Човекови права
Joe Slovo shack settlement. Image source: http://tokolosstencils.tumblr.com/

Дали младите кои живеат во сиромашните квартови како што е Џо Слово можат да си го дозволат високото образование во Јужна Африка. Извор на фотографијата: http://tokolosstencils.tumblr.com/. Искористено со дозвола.

Непосредно по протестите низ целата држава под мотото #РатитеМораДаПаднат [1] кои ги „замрзнаа“ универзитетите ширум Јужна Африка, претседателот Џејкоб Зума се состана со студентските лидери во петокот, 23 октомври, и изјави дека [2] ратите нема да се зголемат. Тој исто така вети дека ќе обрне внимание и на пошироките фактори кои влијаат на студентите како што се студентското домување и расизмот. Крајниот рок за испитите исто така беше продолжен за да се надомести за изгубеното време.

Владата во Јужна Африка имаше намера да ги зголеми ратите за партиципација на универзитетите во 2016 за некои 12 проценти. Студентите се спротиставија на зголемувањето, кое ќе оневозможеше на посиромашните Јужноафриканци да студираат на универзитетите. Протестите започнаа на Универзитетот Витватерсранд (попознат како Витс) минатата среда, 14 октомври, и се проширија низ цела Јужна Африка.

Хаштагот кој го користеа протестантите, #РатитеМораДаПаднат [3], стана организациска алатка за студентите и нивните поддржувачи. Керол Данверс ја забележа улогата на Твитер во успехот на протестите:

луѓето обожаваат да го исмеваат „интернет активизмот“ но без сајтовите на социјалните медиуми како твитер #РатитеПаднаа [4] можеби никогаш немаше да се случи

— ˗ˏˋ blige ˎˊ˗ (@THECAROLDANVERS) 23 октомври, 2015 [5]

Сепак, и покрај изјавата на претседателот Зума, борбата се уште не е завршена, како што посочи претседателот на Советот на студенти и еден од лидерите на движењето #РатитеМораДаПаднат, Шаера Кала:

Веќе се прашувам што ќе се случи следната година, и таа после неа? Без посветеност кон бесплатно образование 0% зголемување на ратите не е победа.

— Шаера Кала #14окт (@shaeera_k) 23 октомври, 2015 [6]

Збунувачки хаштаг?

Се покренаа прашања во поглед на користење на хаштагот за прослава на изјавата за кревање на ратите од нула проценти, #РатитеПаднаа [4]. Некои Јужноафриканци тврдат дека хаштагот е погрешен бидејќи ратите останаа исти и се превисоки за повеќето Јужноафриканци.

Летабо се прашува дали ратите навистина паднаа:

#РатитеПаднаа [4] но дали навистина? Се уште не можам да си дозволам да дипломирам бидејќи еве, каде ќе најдам +/- R50 000 (3,000 евра)…?

— повеќе од Летабо (@CallMeAfriKa) 24 октомври, 2015 [7]

Тијаселани предвидува огромни кревања на ратите во 2017:

@sliez0 [8] целосно си во право, ратите за 2017 ќе се зголемат за 20% следете го #РатитеПаднаа [4]

— Тијаселани (@TiyaInnocent) 24 октомври, 2015 [9]

Лорд Занге Апосве ги потсети Јужноафриканците:

Ако навистина сте освестени нема да ги користите #ПартиципацијатаМораДаПадне [10] или нема да верувате на #РатитеПаднаа [4] . Универзитети се се уште скапи и недостапни за многумина

— Лорд Занге Апосве (@Mzo_XO) 24 октомври, 2015 [11]

Тој предупреди на збунувачките хаштагови:

Опасностите од борба преточена во хаштаг #РатитеМораДаПаднат [3] уште еден хаштаг може да се креира за да се збуни широката јавност #РатитеПаднаа [4]. Ратите се уште се високи.

— Лорд Занге Апосве (@Mzo_XO) 24 октомври, 2015 [12]

‘Ништо не е сменето’

Древан Баирд забележува:

Реалноста е дека #РатитеПаднаа [4] се наметна на РатитеНеПаднаа. Ништо не е сменето; само нешто се спречи.

— Древан Баирд (@DrewanBaird) 25 октомври, 2015 [13]

Фариеда Кан идентификуваше нови области за фокусот на активистите во Јужна Африка:

#РатитеПаднаа [4] и фокусот сега би требало да биде на #ANCGovt [14] за ставање крај на #расфрлање [15] #екстраваганции [16] #лошаадминистрација [17] #корупција [18] НЕ барање повеќе профит!

— Фариеда Кан (@FaredaVandeKaap) 24 октомври, 2015 [19]

Голдман ги предупреди оние кои се залагаат за бесплатно образование:

Економија 1на1: „Бесплатно“ образование = бесконечна побарувачка. Сите сакаат бесплатни работи (дури и ако реално не можат да ги искористат!).#РатитеПаднаа [4]

— голдман (@goldmanstokvel) 24 октомври, 2015 [20]

Гугз Шантел Нкоси ги изрази нејзините стравови:

Добро, ратите нема да се кренат, тоа е супер. Сега, компромитиран е квалитетот на нашето образование. Среќни сте сега? #РатитеПаднаа [4]

— Гугз Шантел Нкоси (@Chantii_Lii310) 25 октомври, 2015 [21]

Протестите укажаа на важни лекции за активистите од другите држави од регионот, како што рекоа Бонифејс Мванги од Кенија и Елнатан од Нигерија:

Активистите можат да ги подобрат своите организациски вештини со научените лекции од #РатитеПаднаа [4]. Моќта е во народот. pic.twitter.com/kWWpOIutKq [22]

— Б (@bonifacemwangi) 24 октомври, 2015 [23]

Како што #РатитеПаднаа [4] во Јужна Африка, здраво-разумското размислување продолжува да паѓа помеѓу младите во Нигерија. Возбудливи времиња во Африка.

— Елнатан (@elnathan) 23 октомври, 2015 [24]