- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

@MedvedevRussia, слушате ли? Шестмесечна приказна за профилот на Твитер

Категории: Русија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Меѓународни односи, Политика, Технологија, Хумор, Рунет Ехо

Се започна со твит (порака на твитер).

„Здраво на сите! Јас сум на Твитер и ова е мојот прв твит,“ напиша Димитри Медведев [1] за време на посетата на централата на Твитер во силиконската долина  на 23 јуни 2010г. Рускиот претседател направи два официјални профили на Твитер – еден на руски јазик, а другиот на англиски јазик – на јавна турнеја која предизвика многу наслови насекаде во светот. Со крајот на 2010та година, направивме една ретроспектива на достигнувањата на претседателот во првите шест месеци на Твитер.

Тоа беа брилијантни односи со јавноста надополнети со дополнителните вложувања на претседателот при доловувањето на прилики понудени од социјалните мрежи и новите медиуми. За неколку минути, Твитер профилот на Медведев привлече додатни 1000 следбеници. Луѓето од РуНет (Руски интернет) одговорија со голем интерес и серија на коментари и реакции. Во наредните 6 месеци кои што следеа, Медведев успешно се справи со раководењето  на 147 295 следбеници на неговиот руски Твитер профил преку објавување на слики, линкови од вести и дури и некои лични коментари.

[2]

Поглед од хотелската соба на Медведев во Сан Франциско. Објавена на Твитер 23.06.2010г. Фотографија на Димитри Медведев

Со претседателските слики на Твитер профилот [3], заслужува посебно да се спомене дека Медведев често пати го докажува своето хај-тек познавање преку споделување слики кои што тој ги прави со неговиот Ајфон. Епл треба речиси да му плаќа за нивното рекламирање.

President Medvedev with iPad [4]

Симпатиите на претседателот Медведев кон Епл производите се очигледни, тука е сликан со Ајпад на Г8 самитот во Канада во јуни 2010

Голем јавен дипломатски труд беше создавањето на Твитер профилот на Медведев на англиски јазик, наменет за странската публика кој што привлече 61 451 следбеник и создаде дискусии во месеците што престоеа во глобалната политичка сфера благодарение на Твитер. Како што забележа руската телевизиска презентерка и блогер, Тина Канделаки во јуни:

Ако тој продолжи со објавување на такви фотографии, како оние што ги објави по неговото регистрирање на Твитер, руските власти ќе имаат вистинска шанса да станат власт со која нивните луѓе би се гордееле…. Ако продолжи да биде толку активен како што е до сега, потребата за „Нова“ Русија ќе стане очигледна не само за Русија туку и за Западот.

Претседателот против Кремељот

Фактот дека претседателот @KremlinRussia и @KremlinRussia_E (Е за англиски) ги користи пред се исто како личните Твитер профили, предизвика контроверзии за избледнувањето на линиите меѓу Медведев и официјалниот Кремељ. Па на 19.11.2010, два нови профили беа создадени, исто наречени @KremlinRussia и @KremlinRussia_E , а додека пак оригиналните  беа преименети во @MedvedevRussia и @MedvedevRussiaE.

Според РИА Новости [5], претседателот сам се додал на новиот профил. Очигледно, тој посакал да ужива повеќе во неформалните разговори [6] со неговите следбеници. Во меѓувреме, @KremlinRussia и @KremlinRussia_E „официјални вести од Кремељ“ стоеше во  описот на новиот профил [7]. Иронично, @KremlinRussia сега има само 10 731 следбеник и @KremlinRussia_E 2 193 следбеника бидејќи следбениците останаа на старите профили.

Друг ривал во овој простор е лажниот профил на Кремељот @KermlinRussia (забележете ја грешката при спелувањето) кој има речиси 52 500 следбеници и е рангиран на 4то место помеѓу сите најследени руски Твитер профили [8] (доволно смешно, според последните изјави на Твирус [9], @MedvedevRussia е најпопуларниот руски Твитер, започнувајќи од 14.12). Лажниот Твитер профил, се индентификува себеси како „Д Президент“ од измислената држава  “Roissya” [10].

@KermlinRussia [11]

За жал, неможе да се забележи превод на брилијантната игра на зборови во описот на профилот. Намерни грешки при пишувањето кои инаку би значеле „Русија, Напред!“ и „Официјалниот Твитер профил на рускиот претседател“ предизвикуваат негативни конотации. На пример, „Русија, Напаред!“ е поздрав до познатата статија од Медведев во септември 2009г [12] повикувајќи на модернизација и иновација во Русија. Сепак, начинот на кој е погрешно спелувано (Роисся вперде), повеќе звучи како „Русија е зезната“. Кога Твитер профилот на Медведев беше преименуван, @KermlinRussia не ја искористи шансата да искоментира во серијата на коментари [13] во истиот ден:

Збогум на оние кои сега се со @MedvedevRussia. Здраво на сите оние кои никогаш не би се помешале со нашите профили.

И подоцна [14]:

Најдобри бизнис практики: Пред малку, 122 000 следбеници се префрлија од официјалниот државен профил кон оној личниот. Не ве потсетува на нешто?

@KermlinRussia е еден од многуте лажни твитер профили во руската Твитосфера, како на пример лажните профили @PremierRussia [15] (лажниот Владимир Путин) и @Kremlins_wife [16], но и исто така на големиот руски поет @Alex_Pushkin [17] (1799-1837) и @NikolayII [18], последниот руски цар Николај Втори (1868-1918). (Мојот личен фаворит е „Кремељскиот црв“ (Kremlin worm) – @KremlinCherv [19] – кој се здоби со еминентност по засрамувачкиот инцидент во октомври [20]).

Додека хуморот на Твитер е „плоден“, сатирата исто така влијаеше на поширокиот политички јавен дискурс. Погрешно напишаната фраза  Роисся вперде (“Русија е зезната”) стана наслов на престојната книга [21] на Олег Кашин, репортер на Комерсант (Kommersant) кој беше лошо претепан во ноември [22]. Книгата, која што се очекува да излезе кон крајот на декември, е измислена приказна за државата “Roissya” и е антиутописки профил на општеството со модернизацијата како негова идеологија. Можете да погледнете извадоци од книгата на руски тука [23].

@MedvedevRussia слушате ли?

[24]

Бургер дипломатија. Медведев има ручек со Обама на 24.06.2010 во ресторанот Реј

Во неговите рани твитер-денови, претседателот Медведев беше најмногу авто-референцијален. Исто така кога се приклучи кон Твитер, Медведев (и неговиот ПиАр тим) изгледа не ја разбра двонасочната природа на социјалното вмрежување. Во спротивно, претседателскиот профил , на пример беше засилено модериран [25] од денот на на неговото лансирање. По неколкуте контроверзни забелешки и прашања, сите коментари под фотографијата одеднаш исчезнаа. Како што Грегори Асмолов забележа на Global Voices [25], “Ерата на руската неконтролирана онлајн демократија траеше помалку од 24 часа“.

Нештата малку се подобрија во есента, кога претседателот (или пак во најмала рака луѓето одговорни за неговиот профил) очигледно ги забележа  “@Mentions” и “Reply” опцијата на Твитер и стана поодговорен. На 14 септември, Медведев го прослави својот 45ти роденден и доби огормен број честитки преку Твитер [26]од стотици луѓе. Претседателот благовремено им одговори на сите оние кои му пишаа и им се заблагодари за нивните желби [27].

Уште неколку интеракции следеа направени од домашни [28] и странски новински [29] извештаи, вклучувајќи ги оние од 2ри октомври кои прашаа дали @KremlinRussia „беше“ реален [30] и дали добиваа личен одговор [31] од претседателот. Некои се однесуваа за роденденот [32], додека пак другите – од неодамна – фокусирани [33] на белоруските избори [34]. На 24.11, исфрлајќи ја  неговата фрустрација преку различни проблеми [35] во земјата, @garipov_radik [36] искоментира:

@MedvedevRussia Дм. Анатолиевич! Дали ги читаш воопшто нашите коментари? Или пак ние тука збориме на ѕидот? И покрај се, ние говориме на теми кои се многу важни за нас. Одговорете веднаш.

И одговорот дојде: [37]

@garipov_radik Јас читам. Ви благодарам на сите предлози и на сите оние кои пишуваат на @MedvedevRussia. Размислувам да употребам некои од тие идеи кои пристигнуваат на мојата адреса во Федералното собрание.

Но дали? Еве коментар од @garipov_radik [38] на 30 ноември, денот на годишниот говор во Руското федерално собрание:

@MedvedevRussia го следев обраќањето заедно со целото мое семејство. Бев среќен што ги слушнав моите предлози за БЕСПЛАТНОТО доделување на земјиште на семејство со многу деца. Одлично!

Немав можност да дознаам дали и други коментари беа употребени во овој говор или во други. Како и да е, примерот пред се покажува дека и покрај здобивањето на чисти технички вештини, Медведев исто така ја подобрува неговата комуникациска стратегија во целина.

На 30 ноември, ерменски новински вебсајт [39] одбра приказна за тоа како една жена со типично ерменско презиме добила одговор од рускиот претседател на Твитер.

@inna_smbatyan [40]:

Денес го сонував @MedvedevRussia . Вечеравме во некој темен замок. Разговаравме за Твитер. Ах да, сигурно…

Medvedev одговорил: [41]

@inna_smbatyan Вчера ниту вечерав. Го подготвував обраќањето 🙂

Новитетот тоа што претседателот им одговара на граѓаните го покажува потенцијалот за огромната трансформација во комуникацијата и во јавните односи и намерите за јавна дипломатија. И покрај се, ако тоа го  може холивудскиот актер Ashton Kutcher [42], зошто и тој да не може? (Твитер е прифатен од многу политичари и функционери во Русија [43] и исто така и од останатите во светот. Според весникот Вал Стрит, има 62 интернационални лидери официјално на Твитер [44], можеби најмногу озогласените меѓу нив се Хуго Чавез [45] од Венецуела и Ким Јонг Втори [46] од Северна Кореа.)

Медведев, кој што сега има 4 Твитер профили, кој очигледно е добар со Ајфон и објавувањето на слики на Твитер и дури научил како да ја употребува опцијата „одговори“. Добар почеток за првите 6 месеци на Твитер? Можеби. Ние треба да почекаме да видиме дали некоја суштинска акција ги следи неговите виртуелни зборови. На крајот од денот, тоа навистина е важно.

На неодамнешните насилни судири [47] во централна Москва, каде илјадници национални фудбалски хулигани извикуваа расистички епитети, Медведев испраќаше предупредувања на Твитер [48] до сторителите:

И последнее – на сегодня. По Манежной. В стране и в Москве – все под контролем. Со всеми, кто гадил, разберемся. Со всеми. Не сомневайтесь.

И најпоследно-денес. Ре: Случувањата на плоштадот Манеж. Се е под контрола во земјата и во Москва. Ние ќе се справиме со оние кои што ги измешаа работите. Со сите нив. Не се сомневајте во тоа.

Исто така тој одговори со два коментари на официјалниот @KremlinRussia поставувајќи линкови од официјалните изјави од Кремељ, достигнувањата за потребата за дисциплина [49] и повик за казна [50] на оние кои иницирале „криминални дејствија“. Расистичките одговори на Твитер [51] беа жестоки.

Дали секој од тие илјадници сторители ќе биде кривично гонет? Сепак, на Твитер, Медведев наликува многу повеќе како останатите граѓани, изразувајќи разочараност во нешто што можеби има ограничена моќ да го промени кон подобро.