- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Блогери дискутираат за документи на Викиликс

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Меѓународни односи, Политика, Слобода на говор

Документи на викиликсовиот „Кејблгејт“ [1]откриваат сомнителни врски помеѓу Иран и Авганистан [2]; информации за иранскиот режим и опозиција; страв во арапскиот регион од иранската нуклеарна политика [3]. Иранските блогери реагираа на овие разоткривања, понекогаш со иронија, понекогаш со теории на завера, а понекогаш сериозно.

Нeјтор Шар вели дека документите во Викиликс зборуваат за болеста на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи [4] и за целта на поранешниот претседател Али Акбар Рафсанџани [5] да го промени од функција. Тие исто така зборуваат за конфликтот меѓу иранските лидери, што покажува дека режимот не е стабилен како што се чини [6]. Според блогерот:

Документите на Викиликс покажуваат дека повеќе од 80% од луѓето гласале [7] за Каруби [8] и Мусави [9]. Тоа докажува дека обидот на иранската влада за легитимност е бескорисен… Документите исто така покажуваат дека зад насмевката на арапските земји се кријат злобни намери, а иранскиот однос со нив е многу ослабен.

Иран Ватанам споменува [10] дека австрискиот амбасадор во Техеран, министерката за здравство на Исламската Република ја нарекол „кукла без никаква самодоверба“.

Гејмрон пишува [11] со иронија како некои од документите на Викиликс покажуваат дека САД три пати го спречила враќањето на „Скриени Имами“ [Махди, последниот Имам од Дванаесетте Имами во Шиитскиот Ислам [12]].

Саид Саман пишува дека Џулијан Асанж [13]и неговиот „независен“ Викиликс влегуваат во војна со дрвен меч против пластичен змеј. Блогерот се сомнева во искреноста на целта на Асанж, па притоа пишува [14]:

Тајната служба уби и им отсече глави на луѓе во Вашингтон, Лондон, Берлин и насекаде во светот за многу помалку важни откритија. Кој е овој Асанж што има своја обезбедена заштита?… Белата куќа, Пентагон го повишија нивниот глас, но не можат да го добијат изворот на овие разоткривања…