Иран: Блогери дискутираат за документи на Викиликс

Документи на викиликсовиот „Кејблгејт“откриваат сомнителни врски помеѓу Иран и Авганистан; информации за иранскиот режим и опозиција; страв во арапскиот регион од иранската нуклеарна политика. Иранските блогери реагираа на овие разоткривања, понекогаш со иронија, понекогаш со теории на завера, а понекогаш сериозно.

Нeјтор Шар вели дека документите во Викиликс зборуваат за болеста на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи и за целта на поранешниот претседател Али Акбар Рафсанџани да го промени од функција. Тие исто така зборуваат за конфликтот меѓу иранските лидери, што покажува дека режимот не е стабилен како што се чини. Според блогерот:

Документите на Викиликс покажуваат дека повеќе од 80% од луѓето гласале за Каруби и Мусави . Тоа докажува дека обидот на иранската влада за легитимност е бескорисен… Документите исто така покажуваат дека зад насмевката на арапските земји се кријат злобни намери, а иранскиот однос со нив е многу ослабен.

Иран Ватанам споменува дека австрискиот амбасадор во Техеран, министерката за здравство на Исламската Република ја нарекол „кукла без никаква самодоверба“.

Гејмрон пишува со иронија како некои од документите на Викиликс покажуваат дека САД три пати го спречила враќањето на „Скриени Имами“ [Махди, последниот Имам од Дванаесетте Имами во Шиитскиот Ислам].

Саид Саман пишува дека Џулијан Асанж и неговиот „независен“ Викиликс влегуваат во војна со дрвен меч против пластичен змеј. Блогерот се сомнева во искреноста на целта на Асанж, па притоа пишува :

Тајната служба уби и им отсече глави на луѓе во Вашингтон, Лондон, Берлин и насекаде во светот за многу помалку важни откритија. Кој е овој Асанж што има своја обезбедена заштита?… Белата куќа, Пентагон го повишија нивниот глас, но не можат да го добијат изворот на овие разоткривања…

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.