- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јордан: Реакции на новата влада

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јордан, Владеење, Граѓански медиуми, Избори, Политика

По претседателските избори на 9-ти ноември, Кралот Абдула во средата, на 24 ноември,  ја одобри новата влада на премиерот Самир Рифаи. Твитер беше преполн со реакции од кои многу беа позитивни реакции кон ова одобрување.

АШамлави во својот твит: [1]

Во име на ИКТ (информациски и комуникациски технологии) индустријата и компаниите честитки до @ICTMinJO Х.Е. Марван за именувањето и воедно голема среќа и поддршка #IKT #JO

Адаметом се согласи: [2]

Честитки до @SamirAlRifai и @nasserjudehand и @ICTMinJO и @WalidMaani, ви посакувам се најдобро#JO #Cabinet

Маја Хунеиди избувна [3]:

Честитки и до Несреен Баракат- новиот министер на Државниот сектор за развој. Се чувствувам пријатно, знаејќи дека таков брилијантен ум има во владата #Jo

Други, како Фара Муфлех, не истапија толку позитивно [4]:

Нова „мини“стерска листа?!?… да личиш на јаболко и да бидеш јаболко се две различни нешта #JO

Неколкумина ги доведоа во прашање одредените назначувања [5], вклучувајќи го назначувањето на Са'ад Хаел Ал Срор како министер за внатрешни работи, откако изгуби во на обидот за преземање на место во Парламентот.
Насем Ал Тарана се досетил:

Срор изгуби на изборите по неворојатно големите потрошени суми, но сепак добро е, тие му ја донесоа титулата Министер за внатрешни работи:://is.gd/hKjOc #JO

Фара Мадада се согласи [6]:

Како нештата се движат#JO во круг: Човек губи на #Парламентарни #избори, па потоа тој е назначен за #Министер. #Владата мора да верува во неговите потенцијали.

Таа испита неколку други назначувања [7], овојпат на поранешниот министер за здравство, Заид Гоусос, како нов министер за туризам и антиквитети:

Во ред, јас навистина не можам да си помогнам, и морам да прашам: @Premier, како е можно еден министер за здравство да стане министер за туризам?!?!?!

Надин Тукан постирала неколку твитови протестирајќи против една друга промена. Министерството за социјален развој го променило своето име во Министерство за социјален развој и женски работи. Рече Тукан [8]:

Министерството за социјален развој и женски работи не е достојно место за женски проблеми! Колку тажно #Jo @SamirAlRifai

Тукан надоврзано на нејзиниот блог [9], пишува:

Во обид да се сместат женските проблеми во агендата на Владата и да се преземе одговорност за тоа, сегашните промени во кабинетот вклучуваат и етикета на Министерството за социјален развој, развивајќи се во Министерство за социјален развој и женски работи… Жалосно уназадување. Се претвора во проблем. Директно се консултира со половина од населението, а индиректно со другата половина. Насекаде расте зависноста од душевната состојба на населението на континентот. Придонесува во понатамошното шаблонизирање на родот…

Како може некој да го оправда тоа дека широк круг на теми што се опфатени во женските работи се дел од Министерството за социјален развој? Дали ова значи дека машките работи не спаѓаат во рамките на ова министерство? Или, само улогата на жените е заштитена во рамките на социјалниот развој? Во секој случај, што е дефиниција за женски работи? Дали женските работи не се и општествени?

…Ние треба да го промениме нашиот целосен систем во рамки на секоја зграда, улица, ходник, книга и филмско платно во правец на здравата реалност на единството род.