- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Треската Памела ја зафати Индија

Категории: Јужна Азија, Индија, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Уметност и култура, Хумор
[1]

Памела Надерсон. Фотографија од Фликер

Холивудската глумица и манекенка Памела Андерсон [2] неодамна стана популарна тема на Твитер откако отиде во Индија да учествува [2] во реалното шоу „Големиот Газда”, индиската верзија на „Големиот брат [2]”. Таа доби грубо добредојде [2] од нејзините луди обожаватели на аеродромот во Мумбаи, кои постојано ја допираа и бараа да се сликаат со неа  и да и земат автограм. Исто и индиските медиуми панично се обидуваа да стигнат до неа и да дознаат што повеќе, од нејзините облеки и поздрави [2] до тоа што јаде [2]. Индиските нетизени го рефлектираат мислењето на индијците за Памела.

Греатбонг напиша смешна забелешка [2] на Случајни мисли на избезумени умови:

Повеќето индиски момчиња кои што растеле во 90-тите, фантазирале за денот кога ќе ја донесат Пам Андерсон дома како нивна баху (невеста)—-шармантна во своите црвени Бајуач-бикини обоено сари, нејзината мангалсутра [2] светка на измешаните светла, доаѓа во собата држејќи чаша млеко.

И тогаш таа се наведнува и ни ги допира стапалата.

Бар се наведна.

Но знаевме дека е само фантазија. Па и зошто би доаѓала во Индија кога си има сончеви плажи во Калифорнија за веселење? И покрај се, што имаме ние индиските момци, со нашата способност да ја рецитираме таблицата за множење дури до 23, да и понудиме што таа не може да добие од Томи Ли и Кид Рок?

Блогерот продолжува:

Епа сега има. Дури и ако е потребен дополнителен доказ за тоа зошто Индија сјае, тоа е поради тоа што конечно успеавме да ја добиеме, од месо и крв. На кого му е гајле што сега е постара и гаранцијата на силиконите и истекла? Сепак, ако ние Индијците не направиме просечен службен договор, кој ќе направи?

Памела веќе ја разбранува Индија со нејзиниот изглед во белото сари (како овде [2]), а индиското министерство за радиодифузија додаде повеќе драма [2]со тоа што го забрани реалното шоу „Големиот Газда” (заедно со уште едно друго) во ударно време, како што пренесува [2] Сантос К. Чоудури:

Министерството за радиодифузија денеска издаде известување според кое „Големиот Газда” и „Ракхи ка Инсааф” не се погодни за сите возрасти и во иднина овие канали ќе можат да бидат емитувани само помеѓу 23 часот приквечер и 5 часот на сабајле, а со тоа е додадено и дека не е погодно за деца и дискрецијата на родителите е неопходна.

Индиските твитерџии брзо го кажаа своето мислење:

iSuvigya [3]: Претпоставувам дека Памела си го загубила багажот, можеби тоа е причината зошто носи само едно парче ткаенина на себе! за никаде.

fillevampire [4]: „Големиот Газда” треба да се пренесе на ноќните каналите на сателитска. Вулгарно е, безобѕирно и откако влезе Памела дури и ефтино, меко порно.

rohsudaa [5]: „Големиот Газда” нема голотија ниту пцофки, па зошто тогаш да се помести времето на емитување?

whistlepodu [6]: Како што му ветивме на Обама, почнавме да даваме работа на американци….Памела е првата регрутирана

sonampawar85 [7]:  Поместувањето на „Големиот Газда” и „Ракхи ка Инсаф” во 23 часот, само ќе предизвика децата да остануваат до подоцна за да ги гледаат.

Sourav_RB [8]: Од друга страна Врховниот Суд во Бомбај останува на тоа „Големиот Газда” да биде поместен од 23 часот .

Мајанк Шарма, кој коментираше на постот на Греатбнг, дава најдобар заклучок [2]:

Тоа што ја добивме е навистина достигнување. Тоа е едноставна бизнис зделка-3 дена за околу 550,00 американски долари, но ние мислиме дека се гагаме на неа исто како во случајот со Обама…. колонијален мамурлак, комплекс на потчинетост….како сакате наречете го.