- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тајланд: Преживување и креативност за време на поплавите

Категории: Источна Азија, Тајланд, Граѓански медиуми, Животна средина, Идеи, Катастрофи

Според Саксит Сајасомбут [1] ситуацијата во Тајланд се подобрува, водите од поплавата се повлекуваат [2], но бројот на жртвите се зголемува и достигна повеќе од 600 жртви.

Сега кога се чини дека најлошото помина, приливите се се послаби и продолжуваат постојано да се намалуваат во повеќе делови од државата, во Банкок се врати чувството за нормала. Меѓутоа, страдањето на поголемиот дел од населението во погодените области продолжува, се уште има конфликт по должината на бариерите, а бројот на настраданите изнесува повеќе од 600 жртви.

Ладпрао64 [3] исто така забележува дека во многу места животот се враќа во нормала:

Иако многу луѓе се уште се борат со поплавите во своите домови и канцеларии во околината на Банкок, местата што се наоѓаат малку посеверно и неколку области во самиот град се враќаат во нормала. Во саботата го посетивме центарот Ладпрао што се отвори претходниот ден, и без потешкотии стасавме до таму. Имаше малку вода во близина на СЦБ Плаза и возачите беа принудени да ги користат двете надворешни коловозни ленти, но доколку беше неопходно можеше да се користат и внатрешните ленти.

Освен тоа, имаше многу кал што укажуваше на тоа до каде стасала водата и некое време ова место ќе изгледа прилично запуштено.

Поплавата [4] што го зафати Тајланд е најстрашната [5] катастрофа во изминативе 5 децении во однос на човековите жртви и штетите кои ги предизвика на инфраструктурата и недвижностите. Но, катастрофата која за период од неколку недели го преплави поголемиот дел од провинциите, вклучувајќи и делови од Банкок, ја истакна креативноста на луѓето кои се соочуваа со неа.

Таи Флод Хакс [6] е профил на Тумблр на којшто се објавени интересни уреди и техники во случај на поплава коишто се направени од обичните луѓе со цел да ја преживеат поплавата. На пример, долу на сликата е прикажан импровизиран брод направен од пластични лавори [7]:

[7]

Загрижени сте за паркирање во поплавените згради? Подолу на сликата ќе видите уникатен паркинг за мотори [8]:

[8]

И автомобилски вреќи [9] за заштита на овие возила:

[9]

Подолу се шишиња за вода употребени како заштитен елек [10] за пливање на мачки:

[10]

Ова амфибиско камионче [11] се чини подготвено за поплавените патишта:

[11]

Универзитетите иста така помогнаа во изработување на уреди [12] кои можат да помогнат за спасување животи за време на поплавите. Популарен пример е пловечката патка [13] која служи за предупредување [14] за присуство на електрична енергија во водата:

[15]

Кларис Африка идентификува неколку апликации за информирање на населението [16] кои обезбедуваат корисни информации за жителите. Пример за тоа е веб-сајтот Дали мојата куќа е поплавена? [17], „каде жителите на Банкок кои ги напуштија сопствените домови можат едноставно да ја внесат нивната поштенска адреса и да дознаат каква е ситуацијата со поплавата во нивните домови.“

[18]

Еве една приказна за спасувачите на кучиња [18] и волонтерите кои трагаат и им помагаат на заробените кучиња во градот:

Најдовме неколку кучиња во напуштените куќи и гаражи кои седеа на поплавените коли. Беше очигледно дека тие немаа јадено со денови. Овие кучиња беа преплашени. Нашите спасувачи се трудеа на секој начин да дојдат до нив, фаќајќи ги со нивните мрежи и голи раце.

Исто така најдовме кученца заробени на еден куп од отпадоци кој лебдеше низ водата, кои се израдуваа кога не видоа се и веднаш скокнаа на нашиот брод каде уживаа во храната и вниманието. Нивната мајка се наоѓаше во длабока вода во близина, и иако препрлашена на крајот успеавме да ја спасиме и неа.