Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Книга за деца која им ја претставува вистинската приказна за сириските бегалци на германските деца

Rahaf and her family fleeing Homs, Syria to Germany. Credit: Jan Birck

Рахаф и нејзиното семејство бегаат од Хомс, град во Сирија, во Германија. Фото: Јан Бирк

Овој напис од Луси Мартиросјан за првпат беше објавен на PRI.org на 20-ти јуни 2016 година, а овде е објавен како дел од договорот за споделување содржини.

Во моментов има повеќе од 65 милиони раселени лица во светот поради конфликти, највисока бројка некогаш забележана. Половина од овие бегалци се деца.

Германија прими повеќе од 1 милион бегалци, главно од Сирија и Ирак. И покрај тоа што поддржувачите првично ја поздравија одлуката на Канцеларката Ангела Меркел, многу германци почнаа да изразуваат загриженост со тоа што прашуваат дали ќе прекине прифаќањето мигранти.

Но, додека возрасните во Германија изразуваа различни ставови во врска со бегалците, германската авторка Кирстен Бои сака децата барем да сфатат дека децата бегалци се исти како сите деца во светот.

Слушни ја приказната на PRI.org »

Во нејзината последна книга за деца „Сѐ ќе биде во ред“ таа ја раскажува вистинската приказна на Рахаф и нејзиното семејство, кои бегаат од Хомс, Сирија, заради воздушните напади. Ова семејство го преминува Средоземното море во чамец, за на крај да одберат мало гратче близу Хамбург каде што ќе ги започнат своите нови животи.

Книгата е објавена на германски и арапски јазик и е предвидено да се чита во училишта каде има и германски деца и деца имигранти. (Преводот на англиски е достапен овде).

„Имате стотици илјади луѓе кои не само што ги пречекуваат бегалците кај нас, туку и стопроцентно ги поддржуваат и тие одвојуваат голем дел од своето време помагајќи им да го научат јазикот, да одат на лекар, да одат до канцелариите за потребни документи и така натаму. Од друга страна, пак, имате луѓе кои воопшто не ги прифаќаат бегалците“, вели Бои. „Децата се некаде на средина и информациите што ги добиваат – па видете вака, некои родители зборуваат лошо за бегалците, некои кажуваат нешто поинаку. Затоа мислев дека ако им раскажам приказна за едно семејство кое има директно искуство со кризата ќе им дадам шанса на децата да научат како им е всушност на тие луѓе.“

Во текот на минатата година, Бои беше во контакт со бегалски семејства. Таа вели дека можела да одбере да раскаже „подраматична“ приказна – некоја со повеќе загуби, насилство и болка – но сепак се реши за една „пообична“. Таа се надева дека приказнава ќе им помогне на германските деца полесно да ги сфатат бегалците и да се поврзат со нив.

The book includes some horrifying scenes endured by the main characters who are now settled in Germany. Credit: Jan Birck

Книгата вклучува и некои застрашувачки моменти низ кои поминале главните ликови кои се сега во Германија. Фото: Јан Бирк

Додека работеше на книгата, Бои се среќаваше со Рахаф и нејзиниот брат Хасан (ова не се нивните вистински имиња) но и со нивната мајка. Наместо да почнат да зборуваат за насилството и војната, двете деца се сеќаваа на нивниот дом и на пријателите и братучедите кои ги оставиле зад себе. Нивната мајка од време на време ги потсетуваше на арапски да кажат нешто повеќе за ужасите кои тие ги видеа, вели Бои.

Бои е сѐ уште во контакт со Рахаф и Хасан – тие дури одат и заедно на кино – но таа не планира да напише продолжение на книгата.

„Прилично сум сигурна дека нема го направам тоа. Сторив сѐ за никој да не ги идентификува овие деца. Дури и имињата им ги променив – тоа значи тие се променија самите. Тие ми кажаа како сакаат да се викаат во приказната“ вели Бои.

За време на читањата, неколку млади германски читатели се загрижија за доброто на Рахаф и Хасан. Тие дури почнаа да сочувствуваат со нив.

„Деца, мислам дека се со многу, многу широки хоризонти. Кога слушаат низ што сѐ поминале овие деца, тие сакаат да знаат „Дали можеме да помогнеме? Како можеме да помогнеме? Што може да направиме за им биде полесно?“, вели Бои.

„Во оваа приказната за двете сириски дечиња, има една ситуација некаде на Медитеранот во која крадци им го крадат багажот. Во багажот се наоѓа куклата на девојчето. Таа е многу несреќна што ја загубила куклата на таков начин. Децата овде секогаш прво прашуваат „Си ја врати ли куклата?“ Мислам дека причината за тоа е дека ова е нешто што може да си го замислат (да им се случи ним), додека сите бомби и пукања и ноќите поминати на Медитеранот… не можат да си го замислат.“

Бои, која има напишано преку 60 книги за деца и тинејџери, смета дека ваквите приказни им помагаат на младите да дознаат што се случува низ светот.

„Приказните, за разлика од теоретското знаење, според мене, секогаш им олеснуваат на децата да разберат нешто. Мислам дека тоа ни е шансата што ја имаме,“ вели Бои.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.