Ажурирано (7ми ноември 2012)
Последните извештаи покажаа дека 39 лица загинале од земјотресот што денес ја потресе Гватемала. Други 155 лица се пријавени како повредени.
Извештаите за штетите предизвикани од земјотресот со интензитет од 7.4 степени, што го потресе Чамперико на крајбрежјето на Тихиот океан во Гватемала, во средата на 7ми ноември 2012, се објавуваат на Твитер.
Корисниците на Твитер споделуваат фотографии и извештаи со хаштаговите #TemblorGT, #TiemblaenGuate, #TerremotoGT, #FuerteSismoGT, #Champerico и многу други.
Земјотресот беше почувствуван и во Мексико и Ел Салвадор.
Корисникот на Твитер, Гридлис Барфе (@GriddlissBarfe) ја објави следната фотографија од Масатенанго, Гватемала:
Многу корисници, како Нуестро Диарио (@NuestroDiario) и Еснер Наваро (@esnernavarro), споделуваат фотографии од штетите во Сан Маркос, каде најмалку 8 лица беа загинати според последните извештаи на Пренса Либре.
Претседателот на Гватемала, Ото Перез Молина (@ottoperezmolina), го користи Твитер за да објавува новости за ситуацијата. Ова се неговите последни твитови до времето кога е пишувана оваа статија:
@ottoperezmolina: Se declara alerta roja nacional, se suspenden actividades públicas y se recomienda evacuar edificios.
@ottoperezmolina: Објавуваме национална црвена тревога. Јавните активности се одложени и препорачуваме евакуација на зградите.
@ottoperezmolina: Se trabaja para poder brindar ayuda a las personas afectadas. Estamos a la espera de datos oficiales.
@ottoperezmolina: Работиме за да им помогнеме на повредените. Чекаме официјални информации.
Црвениот Крст во Гватемала, (@CRGuatemalteca) исто така споделува информации на Твитер.